24 часа посветен на спортот: Интервју со Pro тренерот кој воведува нови методи на кошаркарските тренинзи во Македонија

Точка

31/08/2016

10:00

16892

Големина на фонт

а а а

Го запознавме Ивица Јаковлевски, човекот кој се надева дека ќе направи една револуција во кошаркарските тренинзи во нашата држава.

Ивица Јаковлевски е млад тренер кој се надева дека со своите уникатни методи на тренинзи, ќе придонесе во развивањето на македонската кошарка во правец кој еден ден конечно ќе резултира со индивидуални, но и екипни успеси. Од мали нозе живее со кошарката, тренирал за КК Работнички, а потоа и за екипата на КК Вардар. Подоцна се сели во САД каде што се запознава со тренинзите кои се практикуваат генерално во американската кошарка.

Како дипломиран професор по физичко и здравствено образование, магистер по економски науки и вработен во Општина Карпош во одделението за култура и спорт, верува дека знаењата пред се од САД ќе ги пренесе и во нашата кошарка.

Како што ни раскажува Ивица кога неговиот Pro Basketball Training е во прашање е дека „станува збор за еден нов, иновативен пристап на кошаркарски тренинзи кој ги вклучува сите кошаркарски и психомоторички елементи, со демонстрација на тренерот што е реткост во нашата држава“.


Вели дека е потребно е да се внесе нова енергија во индивидуалните тренинзи, да се внесат посебни методи, односно да се подобри тренирањето во секој можен аспект. Како што вели, негова основна работа е да ги подбри кошаркарските вештини во водење топка, работа со нозе, скок шут, промена на ритам на движењата.

Главната цел на ваквиот, нов пристап на тренинзи во нашата држава кој го имплементира Ивица преку неговата школа Pro Basketball Training е подобрување на когнитивните својства кои според него, се од круцијално значење за еден кошаркар да напредува во врвен спортист.

Ивица, раскажи ни зошто мислиш дека твоите методи се подобри и поиновативни во однос на останатите. Каде се практикуваат ваквите кошаркарски тренинзи?

Со самото тоа што јас како тренер постојано тренирам, работам напорно за да ги усовршам сите вежби кој ќе ги замислам и испланирам за тренинг, и потоа да ги демонстрирам пред играчот, укажува на тоа дека нешто е поразлично, и невообичаено кај нас! Постојат различни методи на работа и изведување на елементите. Во моите тренинзи имам внесено многу реквизити кои помагаат елементите да бидат многу посложени за изведување, но и покорисни и кои доведуваат до поголем напредок.

Корените на овој метод доаѓаат најразвиената земја за кошарката САД, каде што има многу индивидуални тренери кои го создадоа ваквиот начин на тренирање, а не биле врвни кошаркари, сега тренираат голем број играчи од НБА лигата.

Лично сметам дека треба да го следиме примерот од оние кој се креатори на ваквиот начин на трнеирање, и истиот да се применува во нашите клубови односно секоја екипа да има свој индивидуален тренер што ќe донесе и поголема желба за работа кај помладите, но и кај искусните играчи.


Се разбира, мора да се внимава и на исхраната?

Секако. Совети добиваат од мене за да се хранат правилно, бидејки знаеме дека голем процент од енергијата што ја добиваме е преку исхраната односно, доволен внес на витамини, јаглехридрати, и природни шеќери, ни овозожуваат на тренингот или натпреварите да бидеме поиздржливи, и поконцентрирани.

Некои од играчити кои имаат можност да со дозволат и нивната посветеност е огромна имаат и направено програма од нутриционисти, во текот на целата натпреварувачка сезона, што ми е посебно драго, затоа што гледам дека постојат момци кој навистина сериозно си ја сфатиле својата обврска, и си поставиле цел која сакаат да ја достигнат.

Може ли да ни раксажеш од каде го црпиш твоето искуство како тренер?

Долго време бев тренер на повеќе генерации во К.К. Работтнички и забележав добар успех со тие младински селекции. Но, што мене лично ми недостасуваше во тренинзите беше лимитирање на термините од 1 – час, каде што не може да се посвети доволно внимание на цела група играчи од 12 до 15 деца.

Совети добивам од искусни тренери како што се Емил Рјкович, Марјан Лазовски и други со кои имам соработка. Затоа благодарен сум што вакви стручни кадри го подржуваат ваквиот иновативен начин на тренирање, и мислам дека во иднина Pro Basketball Training ќе ги потикне големите клубови кои сакаат да создаваат играчи, да имаат во својот стручен тим и индивидуален тренер.


Колкава е пожртвуваноста за истовремено да се работи во Општина Карпош, а потоа да се облечат патиките и да се тргне на тренинг?

Воопшто не е лесно, станувам секој ден во 6:30 6:45, бидејќи рабтниот ден за мене започнува во 7:30, а некогаш завршува и до 21:00 или 22:00. Цел ден си во кондури, доаѓам дома да јадам, облекувам патики, шорцеви и маица и одам на тренинг, доста напорно.

Сепак се посветувам премногу на ова што го работам и на обврските во Општина Карпош, посебно на тренинзите, кои бараат доста енергија, концентрација и пред се професионален пристап на кој инсистирам и јас самиот, во спротивно не би бил Pro. Фокусот ми е на тренинзите да ги направам што поефективни и поквалитетни за секој играч кој е член во Pro Basketball Training, и тоа што сум го поставил како предизвик и цел сакам да го достигнам јас како тренер и со моите членови кои рапидно се зголемуваат како бројка.

Што е она што ѝ недостига на кошарката кај нас?

Пред се систематско работење, и професионалениот пристап кој во нашата кошарка за жал го нема. Во делот на тренинзите недостасува индивидуален тренинг, техника на водење на топка, агилност, баланс, кординација, скок шут и мн други кошаркарски и психомоторички елементи потребни во младинските категории, тие сегменти се неопходни а се занемарени во целост, се прескокнуваат ( фундаментите на кошарката, кошаркарската азбука ) со што после следи нарушување на концептот на тренинг или неправилно и неквалитетно насочување на еден играч во правилен колосек.

Ова треба да не замисли нас тренерите. Без тренингот да содржи техника, а знаеме дека за да се усоврши еден елемент потребни се од 10 до 14 илјади повторувања зависно од играчот, не можеме да очекуваме напредок во некои сегменти од играта на било кој кошаркар. Мислам дека една од највашните компоненти во тренажниот процес е техничкото и моторичкото усовршување.


Што треба да поседува еден млад кошаркар во Македонија за да успее да изгради врвна кошаркарска кариера?

Има многу талентирани играчи во Македонија, талентирани сме како нација за спорт, но потребни се и други нешта за да се достигне посакуваната цел. Пред се талентот и желбата за работа е се на прво место за да се постигне некаков успех, а потребна е и среќа, играчот да е здрав да нема повреди.

Без работа и посветеност нема успех во ниту една работа, така е и во спортот, без макотрпна работа пожртвуваност, и инвестирање во себе како играч ниту еден не го достигнал врвот. Од тренерски аспект ќе кажам дека е потребна едукација на тренерите размена на искуства со тренери од други држави, и она што е успешно да се прифати и имплемнтира во клубовите.


Твој коментар за моменталната состојба во македонската кошарка?

Кошарката се наоѓа во една не баш добра позиција, гледаме пред некој месец репрезентациите до 16, 18, и до 20 години во „Б“ дивизија, заршија неславно на тие турнири, така што состојбата е алрмантна и под итно мора да се промени нешто во пристапот и на тренинг во клубовите и во репрезентацијата.

Според мене треба да се создаде еден кохерентен тим од тренери играчи за да делуваме моќно сполотено и непобедливо. Но, моментално не е така. Јас се надевам дека во иднина некои работи ке тргнат на подобро, и Македонија ке нижи големи успеси на европските првенства, како со „А“, селекцијата така и со младинските репрезентации.


Кои се твоите планови за иднина кога станува збор за Pro Basketball Training?

Плановите со Pro Basketball Training се големи, плнирам да се прошири ова како метод како систем на работа во секој клуб во секоја школа во Македонија, односно да имаат минмум 3 пати неделно индивидуален тренинг, во текот на неделата.

Во брзо време ке го снимам едно од најдобрите видеа на балканот за индивидуален тренинг, се разбира со моја демонстрација на сите психомоторни и кошаркарски елементии, со тоа видео кога ќе го гледаат играчите сакам да и влевам надеж и елан за работа дека се достижно, и во спортот и во животот, само требаа да сте доволно упорен и решителен и не треба да престант да сонуваат затоа што соништата се остваруваат!

Што би им препорачал на младите кошаркари, кој би бил твојот совет?

Да тренираат напорно, да не ствааат точка на тоа што го замисиле и го зацртале како цел, да не се откажуваат на првата пречка која ќе им се најде на патот, да бидат упорни да веруваат дека и невозможното станува возможно ако си доволно подготвен и сигурен дека, ти го заслужуваш успехот и треба да го достигнеш.


Со оглед на вашата посветеност на работата, очекувате ли да бидете повикан од Кошаркарската федерација и да подучувате млади играчи?

Моето вложување во тренажниот процес е огромно, кога работам, работам со огромна енергија, и мотивација. Најголемата поддршка ја добивам од моите родители, без кои немаше да стигнам до ова ниво кое сум сега, поддршка добивам и од моите блиски, другари, пријатели, нои од многу видни личности кошаркари, врвни тренерски имиња селектори, кои имаат достигнато врвни резултати во своите кариери.

Добива поддршка од Марјан Лазовски, поранешен селектор на Македонија, Емил Рајковиќ Моментално тренер на Мзт – Скопје, играчот Марко Симоновски кој е еден од најдобрите шутери во АБА – лигата и многу други. Бидејќи Pro Basketball Training работи со полна пареа, и доверба ни даваат се повеќе играчи и млади и искуни, во иднина очекувам повик од луѓето кои се одговорни за репрезентациите и се надевам на добра сорботка.


Спонозорирани линкови

Маркетинг