Тестенините ал’аматричиана за помош на жртвите од земјотресот во Италија

Макфакс

26/08/2016

14:27

2571

Големина на фонт

а а а

Јадењето со тестенини за помош на преживеаните во земјотресот кој во средата го погоди централниот дел на Италија ја прифатија како идеја повеќе од 700 угостители, солидаризирајќи се на тој начин со настраданите.

Идејата потекна од Паоло Кампана, римски графичар која секогаш новогодишните празници ги минувал во Аматриче, едно од планинските села кое беше разореново во земјотресот. Таму со пријателите во сега разурнатиот „Hotel Roma“ традиционално јаделе од тестенините „all'amatriciana“, специјалитет со сос од домати, парчиња свинско месо од образите и овчо сирење, кој настанал во ова село.

Паоло Кампана им упати апел на сите италијански угостители да го додадат во своето мени јадењето од тестенини ал’аматричиана, а од цената да одвојат две евра коишто ќе ги уплатат во италијанскиот Црвен крст. Околу 700 угостители веќе се одѕвале на повикот во цела Италија, па дури и во странство.

Педесеттиот фестивал посветен на ова типично јадење требаше да се одржи токму овој викенд во ова речиси целосно урнато село.


Спонозорирани линкови

Маркетинг