Десетина повредени на концерт на Снуп Дог и Виз Калифа

Макфакс

06/08/2016

14:03

6.612

Големина на фонт

а а а

Околу десет луѓе се повредени на концертот на американските рапери Снуп Дог и Виз Калифа во петокот вечерта во сојузната држава Њу Џерси кога попуштила оградата која ја дели сцената од публиката.

Непосредно пред инцидентот на отворената сцена во градот Камден на социјалните мрежи беа објавени снимки на кои се гледа како Снуп Дог ја анимира публиката. Неколку секунди подоцна дел од оградата паднал, а десетици обожаватели паднаа од тревникот на бетонскиот под од повеќе од метар височина.


Посериозно се повредени околу петнаесет лица од вкупно 42 на кои им била укажана медицинска помош, а неколку завршиле во болница, изјавил портпаролот на полицијата за локалната телевизиска станица NBC 10, додавајќи дека ниедно лице не е животно загрозени. Болничарите и безбедносните служби им помогнале на повредените, а концертот подоцна беше откажан.


Спонозорирани линкови

Маркетинг