Финале на "Exit": Незапаметен метеж, забава, паѓање во несвест и неверојатните "The Prodogy"

Точка

11/07/2016

12:22

5.779

Големина на фонт

а а а

"The Prodigy" пред повеќе од 35.000 фанови одржале концерт за паметење.

Иако настапиле по кој знае кој пат на "Exit", членовите на бендот на "The Prodigy", без да претераме, направиле лудница која уште долго ќе се прераскажува, а 35.000 фанови на преполниот "Меин Стејџ" тотално полуделе заедно со Лиам, Кит и Максим.

Како да се опише сето тоа? Пред бината не се знае кој кого удира, воздух нема, луѓе паѓаат во несвест, а лекарите имаат полни раце работа.



Концертот не бил почнат, а на влезот на "Меин стејџот" од правец на "Денс арената" настанал вистински хаос, започнале бранови, и делувало како да фали малку да започне стампедо. За среќа, тоа не се случило.


Потоа, пишува Telegraf, настанува хаос. "The Prodigy" излегуваат на сцената. Сте виделе ли како изгледа кога десеттина илјади луѓе скокаат и врискаат. Не? Епа тогаш не сте биле на ниеден "од курсевите за преживување" на "Prodigy" на Exit.

Меѓу другото, од прашината не се гледа ништо, луѓето носат маски и марами, девојките се соблекувале по градници за да ги покријат лицата со маица...луѓето од итна помош ги пренесуваат луѓето на кои им се слошило во метежот, додека од бината грми "Smack My Bitch Up".


Ова сигурно била една од најлудите вечери во историјата на "Exit", а најдобро е да прашате некој кој присуствувал на настанот.

Пред тоа имало совршено загревање со Виз Калифа, кој направил одлична атмосфера, но и комуницирал со публиката.



Покрај неизбежните "Black And Yellow" и "Taylor Gang", кои повеќе од 25.000 луѓе ги пееле со Виз, лудилото го достигнало врвот со хитовите "Work Hard, Play Hard" и "See You Again".


На "Меин Стејџот" пред Виз настапувал одличниот лондонски рапер Стормзи кој со голема леснотија ги размрдал присутните.

Стромзи со полн гас "газел" до крај, и бил воодушевен од приемот на фестивалот. Веројатно му кажале дека мора да се симне од бината, бидејќи тој самиот не би го направил тоа, пишува Telegraf.rs.


Секако, актуелен бил и фудбалот, а натпреварот помеѓу Франција и Португалија било уште едно финале кое се играло на последниот ден од "Exit".



Спонозорирани линкови

Маркетинг