Спектакл на Exit: Дејвид Гета уште еднаш покажа зошто е најбараниот диџеј на денешницата

Точка

09/07/2016

11:20

5.696

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата на втората вечер, но и едно од најголемите имиња на овогодинешниот Exit фестивал – Дејвид Гета, и во својот трет настап на Петроварадинската тврдина ги воодушеви бројните фанови и уште еднаш покажа зошто е на самиот врв од музичката индустрија на денешницата.

Гета најавуваше дека неговиот вчерашен настап на Exit фестивалот ќе биде најголемиот спектакл во неговата кариера и, судејќи според атмосферата која владееше на преполната главна сцена, го одржа ветувањето.



Пред настапот на Дејвид Гета, на главната фестивалска бина своите „пет минути“ ги имаше и Џорџ Клинтон кои многумина го сметаат за владетел со фанк и RnB музиката.



Освен случувањата на главната фестивалска бина и на традиционално добро посетената Денс арена, во втората фестивалска вечер вниманието на многу посетители го привлекоа и изведувачите на Фјужн бината – Божо вреќа и Едо Маајка.



Спонозорирани линкови

Маркетинг