Еве што ќе се случува втората вечер од фестивалот Exit

Точка

08/07/2016

19:32

3.570

Големина на фонт

а а а

Втората вечер од фестивалот Exit го носи еден од најпознатите диџеи на светот Дејвид Гета, кој ќе настапи на главната бина на фестивалот околу половина час после полноќ.

Овој музичар моментално е посебно во фокусот на јавноста бидејќи е автор на химната на овогодинешното Европско првенство во фудбал, чие финале ќе биде емитувано во живо на самиот фестивал.


Пред Гета, на истото место, публиката ќе ја забавува и легендарниот Џорџ Клинтон, основачот на P-Funk и бендовите Parliament и Funkadelic.

Најпопуларната бина на Exit, Dance Arena, оваа година веднаш првиот ден собра најголем број на луѓе, а вечерва на неа ќе настапат Maceo Plex и Mind Against.

На Фјужн бината вечерва настапува Божо Вреќо, чиј настап е најавен за 30 минути после полноќ, па потоа Култур Шок заедно со Едо Маајка, а после нив околу 3:30 ќе настапуваат Ритам нереда, па Бед Копи.


Фестивалот ќе трае до 10 јули на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, а потоа забавата ќе се пресели во Црна Гора на плажата Јаз, каде што се одржува третиот по ред Sea Dance фестивал.


Спонозорирани линкови

Маркетинг