Граѓански организации понудија Предлог за итни демократски реформи

Макфакс

08/07/2016

16:25

940

Големина на фонт

а а а

Група граѓански организации и експерти подготвија Предлог за итни демократски реформи кои имаат цел да ги вратат демократските стандарди и вредности во Македонија, враќајќи ја така и довербата на граѓаните во клучните државни институции.

Главната цел на документот е да предложи мерки за спроведување итни реформи кои ќе создадат услови за слободни, фер и кредибилни избори.

„Со оглед на степенот на заробеност на државата од страна на владејачките партии, сметаме дека најцелисходно е предложените мерки да ги спроведе експертска влада која во целост ќе се придржува до принципот „Прво реформи, а потоа избори““, велат граѓанските организации.

Според нив, документот што го презентираат е концизен текст кој претставува глас на здруженото граѓанско општество за насоката во која треба да се движат клучните демократски промени.

„Сметаме дека овој документ треба да се прифати во целина. Прифаќањето на дел од документот, а отфрлање на друг дел, нема да доведе до посакуваниот ефект. Потребно е да се обезбеди суштинска вклученост на граѓанското општество во проценката на состојбите во институциите, но и во мониторингот и евалуацијата на спроведување на овие реформи. Вклученост треба да постои на сите нивоа на власта вклучувајќи ги и независните, надзорните и регулаторните тела“, велат граѓанските организации.


Спонзорирани линкови

Маркетинг