ДЕНОВИ НА НАДЕЖ во Метрополис Арена на 9-ти јули

Точка

08/07/2016

12:22

3530

Големина на фонт

а а а

Од сите гласови кои можеме да ги слушнеме во денешно време, можеме да издвоиме гласови на војни, несреќи, спорови и несогласувања. Некако тие гласови преовладуваат и привлекуваат најмногу внимание.

Од друга страна имаме повик на толеранција, разбирање, различности и почитување.
Тешко можеме да најдеме порака на надеж во сите тие гласови. Се чини како надежта да станува недофатна цел. Можеби дел од причината за тоа чувство е еден важен елемент- а тоа е кој е носителот на пораката. Тешко може да се најде лик во чија порака на надеж ќе поверуваме.


Но што е надеж? И дали го имаме заборавено значењето на овој збор?

Дефиницијата за надеж е дека е всушност чувство на силно очекување да се случи нешто. Во разговор со многу наши сограѓани се поприсутно е чувството на безнадежност, како да што и да следи, нема да биде подобро од ова. Политичката, економската па дури и моралната ситуација не притиска и владее апатија во народот, па навистина знае да биде тешко.

Во историјата можеме да видиме многу примери за личности кои во мошне непријатни ситуации носеле порака на надеж наспроти неверојатноста да се спротистават на големиот и страшен непријател на безнадежноста. Личности од светската историја како Вилијам Вилберфорс, Мартин Лутер Кинг, Нелсон Мендела, а и од Македонската историја – Мајка Тереза. И денес во светот има многу гласови на надежта кои научиле голема лекција во животот. Таа голема лекција е безусловната љубов.


И ние сакаме да се придружиме на тие силни гласници на надежта. Сакаме да ја сумираме нивната порака и дефинитивно да ја пренесеме пораката на надеж која произлегува од Исус. Личноста која ја подели Човечката историја на пред и после Него. Личност која донела револуција во целокупниот живот и смислата на животот. Личноста која им била инспирација и надеж на оние кои ги спомнавме погоре.

Со ова сакаме да ве поканиме на настан ИМПАКТ СКОПЈЕ (Денови на надеж), кој ќе се одржи во Метрополис Арена на 9-ти Јули во 20:30 часот. Влезот е слободен.


Ќе настапи бендот ТОРА од Македонија на чиј концерт ќе бидат гости Естер Г. Хереруела (на виолина) од Шпанија, и вокалот Маркос Мартинс од Португалија кој завршил на второ место на “The voice” во Шпанија. Во склоп на концертот ќе има кратка порака на надеж од Филип Иванов кој освен тоа што е интернационален говорник, исто така е еден од ретките Македонци кои патувале во Африка, и кој има основано сиропиталиште за деца и две основни училишта во Африка.


Спонозорирани линкови

Маркетинг