Вечерва започнува фестивалот „Exit” – Bastille и Ели Голдинг се подготвени за спектакуларно шоу

Точка

07/07/2016

18:20

2360

Големина на фонт

а а а

Заврши чекањето. Вечерва започнува фестивалот „Exit” и тоа со Bastille, моментално најбараниот британски бенд, а момците веќе пристигнале во Србија.


Творците на хитовите "Pompeii" и "Things We Lost in Fire" за прв пат настапуваат на овие простори.


Оригинално како четворка, Bastille на турнејата водат уште еден член, а сите петмина веќе се пристигнати во Нови Сад каде што вечерва на главната бина ќе ги изведат своите најголеми хитови, но и новиот сингл кој го најавува нивниот следен албум.


Популарниот бенд настапува од 22 часот, а на најголемата фестивалска бина токму на полноќ ќе ги замени британската музичка ѕвезда Ели Голдинг! А, во 2 часот по полноќ присутните ќе ги забавува DJ Set Sigma.



Спонозорирани линкови

Маркетинг