Готвачите откриваат: Преценети јадења и пијалоци кои никогаш не би требало да ги нарачате во ресторан

Точка

09/05/2016

21:37

12.401

Големина на фонт

а а а

И ние сакаме да уживаме во фини работи, но на некои едноставно не се исплаќа да се „фрлат“ пари, а некои и не се толку фини...

Штом ќе седнеме во ресторан, знаеме дека јадењата претежно ќе ги преплатиме, но вечера е вечера. Но, она што е неоправдано скапо го истражил тимот на порталот Thrillist.com, со чии забелешки главно се сложуваме и ви пренесуваме на кои јадења треба да „внимавате“.

Тартуфи

Повеќето јадења од тартуфи во себе имаат тартуфи онолку колку што и газираните пијалоци во себе содржат природно исцеден сок. Речиси секој готвач се сложува со ова, а многу од нив откриваат дека претежно станува збор само за некои силни хемиски екстракти. Се разбира, може да јадете и вистински тартуфи, кои се убави и вкусни, но не вредат ни приближно онолку колку што се бара за нив...


Вода во шише

До пред 20 – 30 години на ова никој не ни помислувал, а во последните години, водата во шише стана постојана појава. Во ред, некаде навистина водата не е за пиење, но повеќето ресторани имаат и филтрирана вода, па така не мора без потреба да фрлате пари на вода во шише.

Секое пилешко поскапо од 15 евра

Добро, ова е реткост бидејќи пилешкото никогаш не е на цена како некое врвно месо. Сепак, разни ресторани се фалат со сите можни начини на подготовка, но не дозволувајте да ве измамат, бидејќи пилешкото месо навистина не вреди премногу.


Остриги

Наводно се одличен афродизијак, но нивната цена дефинитивно е преценета. Се сметаат за деликатес, но колку и да ги фали некој, едноставно овие школки се премногу скапи.

Прескапи вина и шампањ

Секако, супер е да се ужива во некое добро вино, но кога сте надвор, да дадете неколку илјади денари за шише е лудост. Добрите вина можете да ги најдете со попристојни цени во супермаркетите, па така нема потреба да се расфрлате со „набиени“ цифри кога јадете надвор.


Јастог

И ракчињата се исклучително скапи, но јастогот? Навистина, многу е вкусен и неговото месо е божествено, но сеедно не ја оправдува неговата пазарна цена...


Спонозорирани линкови

Маркетинг