Моника Потер ви препорачува: 10 јадења што треба да ги пробате во Скопје

Точка

05/05/2016

13:47

46.816

Големина на фонт

а а а

Неодамна имавме прилика да ја запознаеме Моника преку интервјуто кое го имаме објавено на нашиот портал. Голем гурман со одличен вкус за што сите би се сложиле. Доволно е да го отвориме нејзиниот инстаграм @monikapotter и да ни потечат лиги...

Овој пат Моника реши да направи листа на 10 јадења кои секој треба да ги проба во Скопје...

Токму затоа, паузирајте со диетата и направете MUST TRY листа, а доколку сте инстаграмџии хаштагувајте #musttrybymonikapotter.

Bon Appétit :)

1. Барбакан Бургер и лепиња со кајмак и магдонос


Во Барбакан го има најдобриот бургер што ни го нуди градот, а за вегетаријанците топло ги препорачувам лепињата со кајмак и магдонос што се топат во уста.

2. Силбо Ѓеврек

Се сомневам дека сè уште има некој што не го пробал ова совршенство со сланина, а живее во Скопје. Сум сретнала многу имитации по други пекари, али ова е врвот!


3. Крофните од Хром

Мислам дека е редно време да собереме потписи и да им го смениме работното време (после 19 часот). Освен со крем, ги има и со џем, а некои храбри луѓе прават комбинација од двете. Ако не ви се допаѓа кремот, купете си празни и наполнете ги по желба. Убава и евтина крофна.

�� од Хром �� #donuts

A photo posted by Monica Bauer (@monikapotter) on


4. Горки (братот на Менада)

Комотно можам да се декларирам како зависник од жолтиот сос во Горки. Ќечапот им е тапа али тоа не е битно. Помфритот и филуваните фурнарини се конзумираат стриктно топли.

A photo posted by Monica Bauer (@monikapotter) on


5. Радост

Скопјее радост ти ќе бидеш. Скопје не е Скопје без улицата Максим Горки и расцветаните јапонски цреши. А баш таму ќе го најдете најубавиот сладолед од ванила. Ванила > Чоколадо. Со преку 10 додатоци, преливи, гумени бомбони, M&M’s, мрвици за сечие уживање.

����

A photo posted by Monica Bauer (@monikapotter) on


6. Пекара Милениум (Млечен) - Банички и стапчиња и све


За разлика од мнозинството пекари у градов, што продаваат банички со кромид, овде коа ќе нарачате баничка со месо, внатре стварно има месо. А за стапчињата, кој пробал - знае, кој не пробал одма да проба!

7. Дукат - Чорбите

Чорбалук #nasamakedonija #nashamakedonija #telekommk #нашамакедонија

A photo posted by Monica Bauer (@monikapotter) on


Дукат или Момир како што го знаат постарите. Телешка или Рибја, нема да згрешите.

8. Галерија 7 - Лахмаџун или Пиде

#пиде #лахмаджун #ајран

A photo posted by Monica Bauer (@monikapotter) on


Турско, а наше. Во срцето на Чаршијата. Нека не ве одврати навидум неуредниот интериер. Не сум фан на лахмаџун бидејќи не сакам баш луто, ама затоа не можам да одолеам на пиде со печурки или пршута. Ајран задолжително.

9. Пелистер - Toпло-ладно (lava cake)

Викаат најубаво било овде ��#LavaCake

A photo posted by Monica Bauer (@monikapotter) on


Рецептот за топло-ладно не е некоја филозофија, освен што секунди во печењето прават огромна разлика. Во Пелистер никогаш не потфрлиле. Без конкуренција.

10. Енрико

Во Италијански ресторан греота е да јадеш сендвич, ама стварно им се посебни. Секад тазе домашно лепче, од фаворити можам да ги издвојам сендвичот со пилешко и пармезан/сланина зависи од расположение.

Brunch ����

A photo posted by Monica Bauer (@monikapotter) on


Доколку имате ваши фаворити или предлози за места кои би требало да го посетиме, пишете ни коментар или пишете ми порака на инстаграм.

@monikapotter


Спонозорирани линкови

Маркетинг