Намирници кои ги лупиме погрешно: Дали знаете од која страна се лупи бананата и како најлесно се лупи јајце?

Точка

25/04/2016

13:02

7.782

Големина на фонт

а а а

Лупењето на варениот компир за салата, особено ако претходно не сте го изладиле, може да биде вистински предизвик.

Истото важи и за лупењето на вареното јајце. Меѓутоа, постојат и неколку трикови со коишто досадното лупење на намирниците прераснува во вистинска шега.

Како правилно се лупи една банана, е нешто што го знае секој мајмун. Како да се исчисти лукот за само неколку секунди, или што да направиме за да си ја олесниме подготовката на салатата од варен компир, се само некои од триковите коишто може да ни го олеснат секојдневието.

Интересно е дека всушност, ако подобро размислите, ќе сфатите дека сите овие намирници целиот свој живот ги лупите сосема погрешно.

1. Банана


Обичната банана, колку за пример, многу полесно ќе ја излупите од нејзиниот завршеток, а не од делот на којшто некогаш била прицврстена за стеблото. Тоа е толку едноставно што на таков начин бананата ја лупат и мајмуните.

2. Лук


Обожувате да го додавате лукот во јадењата, но едноставно ве заморува чистењето од лушпите? Ништо полесно. Земете главичка лук и силно удрете ја со својата дланка. Не поради лутина бидејќи едноставно не ви е до чистење на лук во тој момент, туку како тој би се распрснал на парчиња. Ставете ги сите парчиња во сад со капак и силно протресете. И вашата работа е завршена.

3. Варено јајце


Да се исчисти варено јајце од лушпа е нешто што навистина може да претставува проблематична задача. Освен што е премногу топло, а вие сакате да го јадете токму додека е топло, лушпата често знае да се залепи и за белката, што претставува уште една дополнителна непријатност. Трикот се состои во тоа што јајцето ќе го ставите во сад со капак, исполнет со ладна вода, а потоа силно протресете. Верувале или не, од садот ќе извадите совршено исчистено јајце.

4. Компир


Подготвувањето на салата од компир понекогаш може да биде навистина здодевна задача бидејќи никој не сака да се "бори" со топлите компири, коишто мора парче по парче да ги излупите. Токму затоа, пред варењето, засечете го копирот со нож хоризонтано од двете страни. Сварете го, изладете го, и со едноставен чекор излупете го буквално додека да трепнете. И главната состојка за вашата омилена салата е подготвена.

Погледнете:



Спонозорирани линкови

Маркетинг