Интернетот сосема „збудале” по пицата во чаша која се прави за две минути

Точка

03/02/2016

19:40

12.136

Големина на фонт

а а а

Токму кога помисливме дека пицата не може да стане пофантастична, таа повторно нè изненади! Бидејќи, овој пат ни пристигнува во чаша и се прави, буквално, за две минути. Звучи неверојатно, но пробајте и ќе се уверите – не само што е подеднакво вкусна, туку е и многу посочна од онаа која се продава на парче.

Сè што ви е потребно за подготовката на ова превкусно јадење е една шолја, лажица и состојките кои веројатно веќе ги имате дома. Самиот процес на комбинирање на состојките ќе ви одземе од прилика една минута, а исто толку трае и печењето.

Знаеме дека звучи како бајка, но токму затоа овој е моментално најпопуларниот рецепт на интернет.


Потребни ви се следните состојки:

» 4 лажици брашно
» ¼ лажичка прашок за пециво
» еден прст сода бикарбона
» ¼ лажичка сол
» 3 лажици млеко
» 1 лажица маслиново масло
» 1 лажица сос од домат
» 1 преполна лажица рендан кашкавал
» 5 листови мини колбас
» ½ лажичка мешавина од зачини (оригано, босилек, бибер или зачини по желба)


Подготовка:

Прво измешајте го брашното, прашокот за пециво, содата и солта, па во тоа додадете ги млекото и маслото, па со вилушка измешајте додека не се добие тесто. Преку тестото ставете го сосот од домат, кашкавалот, колбасот (или било кое друго сувомеснато) и ставете ги сите зачини. Ставете во микробранова печка на една минута и 10 – 20 секунди, или додека не забележите дека се појавуваат оние прекрасни меурчиња.



Земете лажица, ставете си јогурт и уживајте во најбрзиот и највусниот појадок!



Спонозорирани линкови

Маркетинг