Шок: Најдобриот готвач на светот е пронајден мртов

Точка

01/02/2016

15:25

9723

Големина на фонт

а а а

Готвачот Бенои Виолер, чијшто ресторан во Швајцарија во месец декември, минатата година, беше прогласен за најдобар на светот, е пронајден мртов во својата куќа.

Тој го водеше ресторанот "Restaurant de l'Hotel de Ville" во Крисиер, во близина на Лозана, којшто имаше три "Мишленови ѕвездички", а според наведувањата на полицијата, 44-годишниот Виолер најверојатно се самоубил, пукајќи си самиот во глава со пиштол.

Швајцарските медиуми пренесуваат дека Виолер денес требало да го промовира новиот водич на "Мишлен".



Инаку, како што наведува BBC, готвачот починал шест месеци после смртта на Филип Рочат, негов ментор и претходник во ресторанот.


Виолер во прочуениот ресторан "Restaurant de l'Hotel de Ville" работел од 1996-та година, за во 2012-та година да го откупи со својата сопруга.



Спонозорирани линкови

Маркетинг