Кој ќе направи торта со Пепа Прасе, Ана и Елза или Мини Маус, го очекува казна!

Точка

13/01/2016

16:58

10565

Големина на фонт

а а а

Поради заштитата на авторските права, во Хрватска, а наскоро и во соседна Србија, нема да може да се продаваат торти со ликовите на познатите цртани јунаци: Пепа Прасе, Мики Маус, принцезите Елза и Ана, Сунѓерот Боб...

Хрватската компанија Funny Cake Factory на Томислав Љутиќ, која што ги откупила правата за користење на поединечни ликови од цртаните на Disney исклучиво за торти, во соседна Србија ќе пристигне најдоцна до месец март. Оваа компанија во Хрватска веќе ги известила првите слаткарници дека ставањето на одредени цртани ликови на торти претставува прекршување на авторските права и дека тие се единствената фирма во Хрватска којашто го задржува тоа право. А истото известување може да го очекуваат и слаткарите во Србија кога Funny Cake Factory ќе пристигне во малопродажните ланци. Тоа ќе биде голем удар за слаткарниците и сите оние коишто практично живеат од продажбата на детските роденденски торти со омилените цртани јунаци.

- Слаткарниците во Хрватска веќе ги известивме и со добра волја ги замоливме да престанат да произведуваат такви торти и да ги продаваат. Не сакавме да подигнеме толку голема бура околу тоа. Само сакаме да се почитуваат нашите права. Ние правото на употреба на поединечни ликови од цртаните на Disney и другите цртани филмови ги регулиравме со договор и за тоа и плативме. Затоа сите известувања ги напишавме како апел. На истиот начин ќе се обидеме да поработиме и на едукација на пазарите, објаснуваат од оваа фирма.


А во пракса тоа значи дека цртаните ликови на чие што користење право има Funny Cake Factory не смеат да ги употребуваат ниту кондиторските компании, слаткарниците но и сите оние коишто се занимаваат со кетеринг. Казните за прекршување на авторските права коишто во Србија за физички лица би можеле да изнесуваат и до 200.000 динари (101.000 денари), би можеле да ги снајдат и оние коишто во приватна режија прават торти по нарачка. И сето тоа секако, ако некој ги "улови". А Томислав Љутиќ во Хрватска ангажирал и адвокатска канцеларија којашто испраќа известувања и опомени за прекршувањето на авторските права, после што ќе биде спроведена и контрола за да се види дали се почитува законот.

- Ние после тоа ќе ја известиме компанијата Disney за состојбата на пазарот и за проблемите околу прекршувањето на авторските права, а компанијата којашто ги дава лиценците, во случајов Disney, треба да одлучи како ќе реагира, пишува Blic.rs.


Казни

Казните за прекршување на авторските права во Србија ќе се движат од 50.000 динари (25.000 денари) до дури милион динари (507.000 денари), а сето ова се третира како кривично дело за коешто може да следи и казна затвор до три години. Во Хрватска пак е предвидена казна од 80.000 до 160.000 денари.


Спонозорирани линкови

Маркетинг