Легендарната скопска "Галија" го враќа стариот сјај!

Точка

24/12/2015

16:40

7856

Големина на фонт

а а а

Во Македонија има многу ресторани, но ретко за кој може да се каже дека има толку богата историја и традиција како ресторанот "Галија".

Место каде се собираше Авангардата на Скопје. На стара локација на ул. Водњанска но во ново руво “Галија”повторно блесна и е посакувано место за посетителите со софистициран вкус. А Скопјани отсекогаш важеле за луѓе со вкус, луѓе кои сакаат да се дружат, да запеат и да уживаат во убава храна.


Во “Галија” дефинитивно се врати боемскиот дух, магијата на старо Скопје, добрата убава градска музика, и повторно е место за урбани, модерни луѓе со стил. Место каде се склучуваат бизнис договори, се започнуваат љубовни приказни и се создаваат бројни пријателства. Место за родендени, за семејни прослави за забава и за уживање!


Пици и салати како на ниедно друго место во градот, специјалитети од свежо месо, најдобриот бифтек, риба и се друго што посетителите можат да посакаат, гостопримство и љубезност, весела атмосфера се нештата кои ја создаваат денешната слика за “Галија” што е и причина зошто во последно време се повеќе ова место е изборот за голем број на скопјани, дипломати, познати градски фаци кои го посетуваат и воодушевени си одат. Ресторанот работи секој ден, цените се пристапни, а добрите домаќини можат да подготват јадење и по желба.


Без разлика дали се работи за бизнис ручек, дружење со пријателите или романтична вечера во Галија секое дружење се претвора во позитивно искуство...животот е краток за да не уживаме секој момент во него!



Спонозорирани линкови

Маркетинг