Чоколадата на парчиња за сендвичи е реалност и животот ќе биде подобар од порано

Точка

09/12/2015

18:54

6.345

Големина на фонт

а а а

Докторите препорачуваат чоколада во сендвичите одамна, но Јапонците конечно најдоа начин како да го усовршат тој рецепт.

Bourbon, јапонска компанија, започна да продава парчиња чоколада спакувани како тост кашкавал. Секој пакет содржи пет парчиња чоколада со дебелина од два милиметри.

Онлајн продавницата на Bourbon нуди интернет нарачки, доколку планирате да купите најмалку 12 пакетчиња, што би ве чинело околу 27 американски долари. „Нама“ чоколадата која е употребена за производство на парченцата чоколада е мека и има поинтензивен вкус од млечната чоколада.

Сличен ваков производ беше лансиран во Данска. Се вика Pålægschokolade, но не е меко и потешко се топи.












Спонозорирани линкови

Маркетинг