Фрлање храна, фрлање пари: Погледнете колку пари навистина трошиме!

Точка

09/10/2015

10:52

8.213

Големина на фонт

а а а

Не фрлајте храна, бидејќи на тој начин ги фрлате и вашите пари...

Дали некогаш сте се запрашале колку всушност пари трошите на храна? И тоа не само на храната која што ја јадете во рестораните, туку и на намирниците кои што сте ги купиле за дома.

Токму за да се подигне свеста за тоа колку всушност пари трошиме на храна која што на крајот ја фрламе, осмислена е нова кампања – "Фрлање храна = фрлање пари".



Поголемиот дел од луѓето кога ќе заминат во ресторан на вечера, оставаат и дел од храната во чинијата. А таа храна се фрла, и тоа автоматски значи дека и вашите пари завршуваат во најблискиот контејнер.

Иницијаторите на оваа кампања во видео записот покажаа како се подготвуваат парите (храната) – парите се сецкаат ситно како кромид, а со монетите се подготвува салата, а потоа и сето тоа се готви на тивок оган.

Потоа јадењето им се сервира на гостите, а кога после завршената вечера ќе се расчисти масата, она што останало во чинијата се фрла во контејнер.

Токму затоа, ако не можете да ја изедете вашата порција, споделете ја. Не фрлајте храна, бидејќи на тој начин ги фрлате и вашите пари...


Спонозорирани линкови

Маркетинг