Најслаткото, прво утринско еспресо: Факти кои што не сте ги знаеле за чудесниот напиток

Точка

07/10/2015

10:07

10311

Големина на фонт

а а а

Најпопуларно е во Италија, но се пие насекаде ширум светот. Сите сме слушнале за него, но колку навистина знаеме за него?

Брзината е важна

Најпрво треба да ве опоменеме дека италијанскиот келнер, како веројатно и келнерот во вашето омилено кафуле, ќе ве "прострела" со погледот ако зборот "еспресо" го изговорите со "К", како што многумина и тоа го прават. Кога настанал, била важна брзината на подготовка на кафето, а секое еспресо настанува во просек за нешто помалку од 30 секунди.

Вкусот на еспресото не е пропишан со строго правило

Кога ќе влезете во некое кафуле и ќе нарачате пиво, знаете дека постојат многу различни видови на пиво помеѓу кои што може да бирате. Кога пак од друга страна ќе нарачате еспресо, не знаете што точно може да очекувате. Вкусот може да биде интензивен и фин, а навистина може да биде и никаков. Тука голема улога игра и самиот келнер, и апаратот за кафе, и секако, квалитетот на самото кафе.


За подготовка може да го користите било кое зрно кафе

Некаде имате можност (кај нас сепак ретко) да испиете повеќе од еден вид на еспресо, како би се потенцирале различните вкусови. Сепак, кај нас евентуално може да пробате два или три вкуса, но и тоа е реткост...

Би требало да го промешате

Понекогаш ќе видите кремаст, карамела изглед на врвот на самото еспресо. Тоа е пена која што настанува под притисок од жешката вода. Таа е вообичаено погорчелива од остатокот од кафето, па токму затоа ви препорачуваме да промешате.


Не е нужно да го "сркнете" наеднаш

Некои келнери тврдат дека веќе после 15 секунди еспресото добива полош вкус, но тоа сепак не е сосема точно. Всушност, можеби е и подобро да почекате барем една минута за малку да се излади, а потоа да го испиете во една голтка.

Не е толку популарно

Не сметајќи ја татковината на еспресото, Италија, помалку од 5 отсто од гостите нарачуваат еспресо. Но, тоа и не е толку важно бидејќи кафето општо гледано е многу популарно во кафулињата, па така, на пример, макијатото или капучиното се вообичаено при врвот на нарачките во кафулињата.



Спонозорирани линкови

Маркетинг