Драган Јованов доби признание за „Најдобар млад научник" на конгрес во Србија

Точка

29/09/2015

15:41

2.390

Големина на фонт

а а а

Македонскиот експерт за фитотерапија, хербализам и нутриционизам, Драган Јованов доби признание за најдобар млад научник на меѓународен конгрес во соседна Србија.

На конгресот „Исхрана будучности“ која што се одржа во Нови Сад во соседна Србија, младиот македонски експерт за фитотерапија, хербализам и нутриционизам Драган Јованов доби признание за најдобар млад научник.


На конгресот учествуваа бројни академици, професори, доктори и магистри од голем број на земји од регионот како Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Словенија, но и пошироко како Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Австрија Швајцарија, Шведска, Канада и други земји.



Спонозорирани линкови

Маркетинг