Домашен vs. Кинески: Кој лук е подобар?

Точка

04/09/2015

17:19

12184

Големина на фонт

а а а

Некои статистики покажуваат дека отприлика 60 отсто од нашите ресторани во својата кујна го користат кинескиот лук, а тој е и генерално позастапен во нашите продавници, но и на пазарите.

Главната причина поради која што се купува кинескиот лук е генерално самата цена, но и достапноста, иако разликата може да се забележи и со "голо око", да се вкуси и намириса.

Моќта на лукот е позната ширум светот веќе илјадници години. Го одгледувале уште старите Римјани и Грци, првично поради неговиот ароматичен вкус, но и поради лековитите својства.

Во народната медицина, лукот е познат уште и како природен антибиотик бидејќи неговиот единствен состав има поволно делување врз вирусните и бактериските инфекции, артритисот, болестите на дишните патишта, кардиоваскуларните болести, проблемите со варењето, но и хроничниот замор.

Истражувањата пак покажаа дека со редовно консумирање на лукот се регулира крвниот притисок, холестеролот и количеството на шеќер во крвта, а некои студии дури потврдуваат и дека може да служи како одлична превенција против многу видови на канцер.

Домашниот лук според вкусот и мирисот апсолутно отскокнува од оној кинескиот, а ако тоа сепак не е доволно за вас, побарајте ги домашните производители, а тие ќе ви ги потврдат и следните причини:


1. Локалното е дефинитивно поздраво

Нутриционистите советуваат дека би требало да консумираме намирници кои што се во сезона, па токму затоа би требало да ги набавуваме кај локалните производители, бидејќи на тој начин прехраната и телото ги прилагодуваме кон поднебјето во кое што живееме. Таквата храна има и многу повеќе хранливи вредности.

2. Подолг рок на траење

Кинескиот лук има поповолна цена од оној домашниот, но затоа пак нуди и помал рок на траење од лукот одгледан на овие простори.

3. Домашното е сепак поквалитетно, а доставата е побрза

Храната која што се увезува од далечните места, е прилагодена за долготраен транспорт, но е и подложна кон оштетување при превозот. Домашните производители не се соочуваат со такви проблеми до таа мера, а производот можат да го испорачаат буквално и за неколку часа, понекогаш дури и до самата врата на купувачот.


Спонозорирани линкови

Маркетинг