Анкета на IRI: Над 80 отсто од граѓаните го поддржуваат членството на Македонија во ЕУ и НАТО

Макфакс

13/07/2015

16:16

1.407

Големина на фонт

а а а

Анкетата на IRI - Интернационалниот републикански институт е направена од 6-ти до 16-ти јуни, врз репрезентативен примерок од 1.105 испитаници.

Американскиот републикански институт (IRI) во понеделникот излезе резултати од истражување на јавното мнение по повеќе прашања, за други актуелни теми и области од претходно спроведената анкета, а според анкетата најважно надворешнополитичко прашање е признавање на името на државата Република Македонија за што се определиле 29 отсто од испитаниците, додека 23 проценти сметаат дека тоа е почеток на преговори со ЕУ и интеграција на државата во Европската унија.

Високи осумдесет проценти од граѓаните поддржуваат Македонија да стане член на ЕУ, што укажува дека се спротивставуваат на деструктивните сценарија за нејзино одалечување од членство, а само 14 се изјасниле дека се против државата да стане член на ЕУ. За членство на земјата во НАТО, исто така, е голема поддршката, односно изнесува високи 83 отсто, а 12 проценти се против.

Шеесет иседум проценти од испитаниците одговориле дека ниту биле лично подложни на притисок за време на изборите како што се присила, закани, поткуп или друг нелегално средство за да гласаат на одреден начин, ниту, пак, познаваат луѓе кои биле подложни на такво нешто.

Во однос на тоа дали ги слушнале аудио материјалите кои изминатите неколку месеци беа објавени од страна на опозицијата, 37 отсто од анкетираните одговориле дека ги имаат слушнато најголемиот дел од тие разговори, а 43 проценти, пак, рекле имаат слушнато дел од разговорите, додека 14 отсто рекле дека ги немаат слушнато, иако се информирани за нив.

Анкетата на IRI - Интернационалниот републикански институт е направена од 6-ти до 16-ти јуни, врз репрезентативен примерок од 1.105 испитаници.


Спонзорирани линкови

Маркетинг