Ќе ве шокира: Што е всушност целулитот?

Точка

20/02/2014

17:15

11.810

Големина на фонт

а а а

Целулитот не е производ на дебелината, туку дерматолошки проблем. Нема никаква врска со тежината или со тоа колку килограми сте изгубиле, објаснува холивудскиот дерматолог д-р Хауард Мурад.

Целулитот често се нарекува и „проклетството на жените“ бидејќи навистина голем број на припаднички на поубавиот пол патат од овој упорен проблем – досадни дупчиња на кожата и масни наслаги во пределот на задникот, бутовите и стомакот. Освен време и трпение, жените на целулитот трошат еден куп пари за разновидни неуспешни третмани, или третмани со краткотраен ефект.


„Тоа е така затоа што целулитот не е производ на дебелината, туку дерматолошки проблем. Нема никаква врска со тежината или со тоа колку килограми сте изгубиле“ – објаснува холивудскиот дерматолог д-р Хауард Мурад.

Еве 5 клучни факти кои мора да ги знаете за целулитот:
1.Целулитот е всушност предизвикан од атрофија на мускулите – состојба која настанува кога слојот на мускули станува слаб и недефиниран, и се одвојува од кожата, правејќи ги неатрактивните наслаги видливи.

2.Не можете да се ослободите од целулитот со лосиони – престанете да користете антицелулит креми, бидејќи тие не помагаат. Дури и најскапите креми можат да имаат само еден ефект – празен џеб. Тие дупчиња на кожата се површен резултат на проблем кој се крие под вашата кожа, па затоа кремот нема да направи ништо.


3.Комбинацијата од медицински и спа третмани се сосема неефикасни. Не само што со нив нема да го постигнете саканиот ефект, туку дури и ваквите третмани можат да бидат и опасни – оставајќи кај голем број на жени трајни повреди и лузни на кожата.

4.Целулитот не е генетски, и можете да се ослободите од него. Без оглед на тоа што сте мислеле дека е и со тоа сте се тешеле, овие несакани дупчиња на кожата не сте ги наследиле од мајка ви. Доколку продолжите да верувате во овие заблуди, тешко ќе се наканите да ги превземете потребните чекори до ослободување од целулитот.


5.Можете да се ослободите од целулитот без оглед на годините. Целулитот е прашање на вашите мускули, значи без оглед кога ќе го забележите, и на колку години, можете да влијаете на него. Вежбање, вежбање и само вежбање!


Спонозорирани линкови

Маркетинг