Новиот македонски репрезентативец Немања Прибак задоволен од првиот дел од подготовките

Точка

30/12/2013

12:30

2455

Големина на фонт

а а а

Искусниот бек на РК Вардар Немања Прибак кој од неодамна ја засили нашата ракометна репрезентација на претстојниот Европски шампионат во Данска, денеска се враќа во Скопје.

Немања Прибак, денес ќе пристигне во Македонија по завршените подготовки од првата фаза во Пореч, Р.Хрватска. Во краткиот разговор кој го имавме со него, ни изјави дека првиот дел на припремите поминале напорно, и дека веќе од 1-ви јануари ракометарите ќе влезат во натпреварувачка фаза и нови припреми.

"Сметам дека сме спремни, од причина што напорните подготовки поминаа според планот. Веќе сме на пат за дома, каде што ќе имаме краток одмор за новогодишната ноќ, и веќе од 1-ви јануари се враќаме на теренот на првиот тренинг од новата година".


“За време на новогодишната вечер, ќе бидам во Ниш со семејството во домашна атмосфера”
Немања Прибак испрати и честитка до фановите на РК Вардар и до своите колеги од репрезентацијата и тимот.

“На сите наши фанови им посакувам година исполнета со многу успеси на сите полиња, а на моите соиграчи од Вардар им посакувам да бидеме дел од 16-те најдобри во Лигата на шампионите”.

“На репрезентативно ниво, посакувам да обезбедиме пласман во следната фаза, а таму со мојата помош да постигнеме успех како оној кој го имавме на минатото ЕП во Србија”.


Спонозорирани линкови

Маркетинг