Најубавата божиќна приказна: Бајковито место со 1.5 милиони светилки

Точка

18/12/2013

23:36

5.677

Големина на фонт

а а а

Доколку оваа година во текот на новогодишните и божиќните празници "патот ве одведе" во Хрватска, во никој случај немојте да ја пропуштите посетата на имотот на семејството Салај, каде што ќе можете да уживате во вистинска божиќна бајка и да се воодушевувате на повеќе од 1.5 милиони празнични светилки.

Божиќ веројатно никаде не е толку бајковит како на имотот на семејството Салај, каде што оваа година засветиле дури 1.5 милиони светилки, претворајќи го секојдневието во вистинска магија.


Така, сите оние кои што ќе го посетат селото Грабовница, на околу 60 километри оддалеченост од Загреб, можат да уживаат во прошетката на имотот кој се простира на површина од 4.5 хектари и е уредено како во бајка, со безброј светилки и тродимензионални инсталации.

Досегашната атракција на имотот биле 3Д инсталациите од мечки високи 2 метра, како и атрактивната скулптура на Дедо Мраз и семејството џуџиња, но од оваа година, имотот е проширен, па сега во неговиот состав е и езерото со два острови.


Целата оваа Божиќна приказна, Нада и Златко Салај ја започнале пред 12 години, кога својот имот го накитиле со 50.00 ламби, а од пред 8 години нивната семејна бајка прераснала во деловен проект.

Божиќната приказна секоја година е отворена од 6 декември до 8 јануари, а оваа година семејството Салај очекува посета од најмалку 40.000 гости, колку што дошле и минатата година. Сепак, се претпоставува дека имало многу повеќе, затоа што дечињата на возраст до 7 години не плаќаат карта, која инаку чини 20 куни.


Гостите може да уживаат и во средновековната ковачница, да се возат со кочија, а секој ден, во 18 и 20 часот, на имотот се случува и спектакуларен огномет.

Инаку, станува збор за место каде што бил роден Златко, кој во својата изјава за медиумите кажал дека тој бил роден во голема сиромаштија и не можел да ужива во магијата на празниците, па затоа сега посакал да создаде нешто кое што ќе ги претвори овие денови во бајка!

Од фотографиите и видеото во продолжение уверете се дека тој и тоа како успеал во тоа!


























Спонозорирани линкови

Маркетинг