Ивановски поканет за член на Независниот Панел за иднината на Интернет соработката

Нетпрес

15/11/2013

11:37

496

Големина на фонт

а а а

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, од страна на Интернет корпорацијата за доделени имиња и броеви (ICANN), поканет е за член на Независниот Панел за иднината на Интернет соработката.

На 12-ти и 13-ти декември во Лондон, корпорацијата го организира првиот состанок на панелот, на кој учесниците ќе се фокусираат на развојот и глобализирањето на интернет просторот, како и на истражувањето на механизми за решавање на овие комплексни прашања.

На состанокот ќе учествува и министерот Ивановски, а покрај него интернет корпорацијата (ICANN) вклучи голем број познати имиња кои ќе бидат дел од настанот, меѓу кои Мохамед ал Ганем, основач и генерален директор на ОАЕ Телекомуникациската регулаторна управа, Винт Церф, потпретседател на Google, Фади Чехаде, извршен директор и претседател на ICANN, Џими Велс, коосновач и промотор на Википедија, Торбјорн Јагланд, Генерален секретар на Советот на Европа и поранешен премиер и министер за надворешни работи на Норвешка, Мичел Бејкер од Фондацијата Мозила, Томас Илвес, претседател на Естонија и поранешен дипломат и новинар и многу други.

Разговорите треба да го развијат колективниот дијалог и да отворат дискусија за чувствителни интернет прашања, со можност за отворање на нови глобални процеси. На панелот ќе биде објавен извештајот кој содржи принципи за глобалната интернет соработка, за кој на почетокот на 2014 година ќе се отвори јавна дебата со забелешки и коментари за неговата содржина.

Во наредната година, неколку клучни настани ќе се справат со овие прашања, вклучувајќи го и Годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос, како и Конференцијата за управување со интернетот, чиј домаќин во април ќе биде Бразил.


Спонозорирани линкови

Маркетинг