Десет компании кои владеат со интернетот

Точка

30/10/2013

14:26

2844

Големина на фонт

а а а

Отприлика секоја седма личност на планетава, во месец јуни го посетила "Google", кој само тој месец имал 1,2 милијарди посетители.

Составена е листа од десет компании, чии страници се најпосетени на интернет, а рангирани се според бројот на единствени посетители кои ги имаат на месечна база.

Првото место го држи „Google“ со 1,2 милијарди посетители, а веднаш зад него се „Microsoft“ (878 милиони) и „Facebook“ (797 милиони).


На четвртото место се наоѓа „Yahoo“ со 725 милиони, на петтото е „Wikimedia Foundation“ со 492 милиони, а тука е и „Amazon“ со 404 милиони посетители.

Последните четири места им припаѓаат на кинеските компании Baidu, Tencent, Alibaba и Sohu, кои имаат помеѓу 300 и 400 милиони посетители.


Спонозорирани линкови

Маркетинг