Зголемен бројот на работници во индустријата во август

Нетпрес

30/09/2013

14:16

474

Големина на фонт

а а а

Индексот на бројот на работниците во индустријата во август оваа година во однос на истиот период лани изнесува 101,6, што е зголемување од 1,6 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во август оваа година, во однос на август 2012 година, бележи пораст од 8,2 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од еден отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1,9 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август оваа година, во однос на август лани, бележи пораст кај Енергија за 7,5 отсто, Капитални производи за 0,3 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 2,8 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,4 отсто, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2,2 отсто.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари-август оваа година, во однос на периодот јануари-август лани, изнесува 100,7, што е пораст за 0,7 отсто.


Спонозорирани линкови

Маркетинг