Кина: Животите на милиони луѓе загрозени поради арсен во вода

Нетпрес

23/08/2013

15:57

710

Големина на фонт

а а а

Скоро 20 милиони луѓе во Кина би можеле да бидат изложени на влијанието на вода контаминирана со арсен, покажуваат резултатите од најновото истражување.

Научниците го искористиле информациите за геологија на Кина за да се утврди на кои подрачја има присуство на арсен. Извештајот е објавен во весникот „Наука“.

Арсенот по природен пат се појавува во кората на Земјата, но може да биде многу опасен по здравјето на луѓето доколку влезат во подземните води. Во последиците влегува канцерот и други видови на заболувања на кожата, белите дробови, црниот дроб и бубрезите.

Се проценува дека во Кина постојат повеќе од десет милиони бунари од кои се вади вода за пиење, а секој треба да ја провери за да се утврди дали водата содржи токсични материи. Тој процес би можел да трае со децении.


Спонозорирани линкови

Маркетинг