10 интересни факти за Јонското море

Точка

12/08/2013

15:47

8193

Големина на фонт

а а а

Јонското Море е дел од Средоземното Море, а се наоѓа помеѓу западниот брег на Грција и источниот брег на Италија. Денес ви пренесуваме 10 интересни факти за ова топло море.

1. На север, Јонското Море е директно поврзано со Јадранското Море, а граница претставува местото каде што копното на Италија е најблиску до најсеверната точка на островот Крф. На југ Јонското Море е поврзано со Средоземното Море, со кое нема некоја природна граница, туку за граница се смета линијата што ги поврзува 'ртот Матапан на југот од грчкото копно, со 'ртот Пасеро, најјужната точка на Сицилија. На запад, преку протокот на Месина, Јонското Море се поврзува со Тиренското, а на исток, преку Коринтскиот проток се поврзува со Егејското Море.

2. Потеклото на името на Јонското Море не е познато, но античките писатели, меѓу кои најпознат бил Есхил, го поврзувале со митот за Ио. Името на морето се смета за епитет изведен од името на Ио, бидејќи таа го препливала целото море.


3. Сите поголеми острови во Јонското Море ѝ припаѓаат на Грција. Меѓу нив најголеми се: Крф, Закинтос, Кефалонија, Итака и Лефкада.

4. Амбисот Калипсо претставува најдлабоката точка во Јонското Море, но и во целиот медитерански регион. Се наоѓа југо-западно од Пилос и достигнува длабочина од 5.267 метри.

5. Јонското Море е еден од сеизмички најактивните региони во целиот свет.


6. За разлика од островите во Егејското Море кои во минатото биле под ориентално влијание поради власта на Отоманската Империја, островите во Јонското Море имаат култура која е под влијание на Британците, Французите и Венецијанците, кои во некој момент од историјата ја имале власта во овој регион.

7. Во текот на зимата и пролетта, јонскиот регион добива натпросечно количество врнежи, што ги прави тамошните острови идеални за одгледување маслинки, но им дава и специфичен изглед: бујна вегетација, кипариси и диви цвеќиња.


8. Во лето, времето е топло и со најмногу сончеви часови во цела Грција. Ова особено важи за островот Закинтос.

9. На јонските острови има вкупно нешто преку 200.000 жители, но бројот на луѓе на островите во врвот на сезоната може да премине и половина милион.

10. Јонското Море било исклучително важна стратешка точка во антички времиња, бидејќи морало да се преплови, за да се стигне до грчката колонија Сиракуза, а потоа и до Рим.


Информациите се превземени од блогот на Игуана Турс


Спонозорирани линкови

Маркетинг