Три најсексапилни хороскопски знаци

Точка

26/07/2013

12:03

19.433

Големина на фонт

а а а

Сексапилноста е нешто кое што или го имаш, или го немаш, но оние кои што се занимаваат со астрологија, велат дека сето тоа зависи од хороскопскиот знак и дека токму претставниците на неколку хороскопски знаци се и посексапилни од останатите... Во продолжение прочитајте кои се тие!

Иако не може да се генерализира кога станува збор за сексуалноста, пред се затоа што секогаш постојат исклучоци од секое правило, сепак, кога би се зборувало за "натприродни" сексуални моќи, припадниците на неколку хороскопски знаци дефинитивно се издвојуваат во споредба со останатите, а во продолжение прочитајте кои се тие.

Скорпија

Скорпиите едноставно важат за богови на сексот! Така, доколку некогаш сте биле во врска со Скорпија, тогаш сигурно знаете дека тие имаат неодолива моќ за привлекување, па дури и оние помалку атрактивните претставници на овој хороскопски знак имаат изразена аура и моќ за манипулација за да ги натераат останатите да го прават она што тие сакаат.


Доколку во вас видат потенцијален партнер, тогаш Скорпиите сигурно ќе ве освојат. Секако, додека го сфатите нивниот план, веројатно веќе ќе бидете лудо вљубени, а доколку некој ве праша што е она што вашата Скорпија ја прави толку посакувана, веројатно нема ни да знаете да објасните, пред се затоа што и самите не можете да одлучите.


Покрај моќната привлечност, родените во овој знак се и исклучително лојални пријатели, големи херои и исклучително посветени на работата. Така, доколку сакате да освоите Скорпија, облечете се во црно, а ова важи пред се кога станува збор за долната облека. Скорпиите сакаат уметнички настроени и по малку проблематични луѓе.


Лав

Кога би дознале дека се втори на листата на најсексапилни, Лавовите сигурно ќе завршат со повредена суета. Родените во овој знак се вистински "трендсетери" кои што ги познаваат сите интересни места во градот.


Така, доколку сакате добра забава, тогаш секогаш одберете го друштвото на Лавот и сигурно нема да се покаете. Овие луѓе знаат да освојат со ситните нешта што можат да ги направат за вас, а со кои "ќе ве купат" за цел живот. За многумина, токму тоа количество на внимание е пресудно и за вљубувањето.


Исто така, Лавовите се што прават го прават подобро од другите, па на останатите им преостанува само пред нив да издигнат нов предизвик. Лавовите имаат разоружувачка насмевка, а понекогаш е доволно само да се насмевнат за посакуваната личност да заврши со нив во кревет. Така, доколку сакате да освоите претставник од Лавовите, приближете му се, угодувајте му и ласкајте му! Лавовите едноставно го обожаваат тоа и не можат да одолеат!


Рак

Нивното тајно оружје не е изгледот, ниту пак насмевката... Хуморот! Хуморот е она што ги прави неодоливи! Исто така, тие се многу емотивни и никогаш нема да ја заборават годишнината, роденденот или некој друг важен празник.


Најголемата мана кај овој хороскопски знак е промената на расположението поради која најчесто останатите добиваат впечаток дека ќе завршат во лудница. Но, доколку можете да се соочите со ваквиот карактер, тогаш бидете сигурни дека покрај вас ќе имате неверојатно добар пријател кој секогаш ќе знае да ве воодушеви.


Раковите обожаваат сексуални игри и фантазии и не се срамат да бидат и "малку груби" доколку тоа го посакаат партнерите. Доколку сакате да "поседувате" Рак, едноставно, само истапете пред него и кажете му го тоа.


Исто така, доколку имате потреба да се олесните и исплачете, не срамете се тоа да го направите пред претставниците на овој знак. Тие сакаат да се најдат во улогата на спасител и да ги тешат своите сакани.



Спонозорирани линкови

Маркетинг