Одбери категорија:

Дарко Петковски - Спејко и Љупка Митрова: По тешките минати искуства, конечно љубов за каква сонувавме

Нивните фотографии и постови на социјалните мрежи „Инстаграм“ и „Фејсбук“ „зборуваат“ дека она што ги спојува е голема, голема љубов. Онаква за каква отсекогаш сонувале да им се случи. А, токму таму, на социјалните мрежи започнала нивната приказна, која по една година виртуелно дружење се реализирала и во реалноста.

Прочитај повеќе

Влатко Кузмановски - момче од календарот: Два метри задоволство за очи

Не случајно токму тој е момчето кое го отвора календарот на Точка за 2018-та година.

Прочитај повеќе

Владимир Василевски - Четкар со концерт во Скопје: Цел свет го свртев со македонски пасош

Познатиот македонски џез и фанк гитарист препознатлив под псевдонимот Четкар, кој живее и работи во Њујорк, а музицира буквално низ целиот свет и досега има настапувано на сите светски релеватни џез фестивали и клубови, на 17 јануари со почеток во 21.30 часот ќе настапи во ноќниот клуб „Станица 26“.

Прочитај повеќе

Збогум на Старата, добредојде на Новата година: Со возбуда кон иднината

Ниту една година не е совршено позитивна и убава, ниту пак крајно непријатна и трауматична. Во 365-те дена доживуваме најразлични ситуации, еден микс на разновидни, пријатни и непријатни искуства кои го сочинуваат и животот и го прават богат и интересен.

Прочитај повеќе

Интервју со Драгана Костадиновска: Вегетаријанката која ја освои публиката

Во изминативе месеци нејзиниот лик беше секојдневно присутен во телевизискиот етер. Ликот, кој таа го играше во хит серијата „На терапија“ вели е потполно спротивен на нејзиниот карактер и суштина. За разлика од хектичната и импулсивна Зана, актерката Драгана Костадиновска е потполно спротивна, со смирен и кроток темперамент.

Прочитај повеќе

Рамбо Амадеус за Точка: Штом се ослободиме од кромањонскиот менталитет, човештвото ќе тргне забрзано напред!

Антоније Пушиќ ака Рамбо Амадеус од синоќа е во Скопје и со својот бенд се подготвува за вечерашниот настап во клубот „Станица 26“ во организација на музичката продукција „Три гонга“. На сите добро познат по фасцинантниот хумор и уникатниот џез звук искомбиниран со повеќе други жанровски елементи, тој е и остана еден од ретките музичари од екс-ју просторите кои не се плашат да го изговорат она што го имаат на ум. И секогаш има што да се чуе од него. Забавен до коска, што би се рекло. И исклучително шармантен. И за tocka.com.mk проговори во свој стил, со многу хумор, а во суштина многу сериозен...

Прочитај повеќе

Интервју со Џиjан Емин: Сè уште сум на прва борбена линија

"Би препорачал на публиката да се опушти и да ужива во она што сме го подготвиле за нив со надеж дека ќе им се допадне. Ве чекаме на Neuland Sensorium", порачува Џијан Емин.

Прочитај повеќе

Лука Кортина: Кога кажувам дека вера, љубов, надеж нема, тоа го кажувам свесно знаејќи дека овие три зборови, како зборови и како поими, се најексплоатирани

„Вера, љубов, надеж“ е театарска приказна за светот во кој парите не стигаат, работните места се во исчезнување и секое ситно прекршување на законите заради најосновно преживување најостро се казнува, една млада жена се обидува да го продаде своето тело на Анатомскиот институт. Токму за претставата разговараме со режисерот Лука Кортина.

Прочитај повеќе

Јан Акерман: Никогаш доста од настапи

Јан Акерман (70) е еден од најпознатите холандски и светски блуз музичари и гитаристи. Како соло артист соработувал со други големи светски музичари меѓу кои Би Би Кинг, Чарли Брд, Кози Пауел, Клаус Огерман и Ајс Ти, а голем дел од кариерата ја означи и како член на бендовите како „Брејнбокс“ и „Фокус“.

Прочитај повеќе

Јана Стојановска: Ја пронајдов љубовта, ама не откривам ништо за тоа

Кога луѓето со кои среќаваме ќе ја почувствуваат почитта кон нив и прифаќањето на нивниот свет, нивното дело и личност, тие се подготвени да се отворат уште повеќе. Да откријат нови димензии од себе, дотогаш непрозборувани јавно. Дотогаш неоткриени. Таква синергија се создаде и на средбата со младата актерка, со душа на пеперутка. Не случајно многу нешта ѝ се поврзани токму со еден од најубавите крилати инсекти, симбол на метаморфозата, на духовното растење, распеаноста, упорноста и убавината.

Прочитај повеќе

Илја Леонард Фајфер за Точка: Его мастурбација – тоа е современата уметност

Неговото пишување е како возење на тобоган. Во еден момент ве „топи“ со длабоките емотивни пасуси и искрени ликови, а во следниот шиканира со бизарноста и суровоста на ситуацијата. Затоа е и најпознатиот холандски и европски писател и поет, кој вешто го вплеткува читателот во неговиот реалистично-магисти свет, оставајќи го со подзината уста во текот на целото дело.

Прочитај повеќе

ТВ Бокс: Ако сакаш да имаш целосна уметничка слобода, тогаш најдобро е тоа да го направиш сам

Изминатата недела, македонската публика имаше можност да ја погледне новата македонска телевизиска серија – ТВ Бокс.

Прочитај повеќе

Јелена Богојевиќ и Александар Алексовски: Во "Фчерашни новости" има позитивна енергија и тимска работа

Новата ера на „Фчерашни новости“ донесе и нови ликови, но и нови презентери на пародичните вести.

Прочитај повеќе

Драгана Левенска: Не сакам маж кој ќе се обиде да ме промени, туку ќе ме прифати

Сензуалноста и субтилниот сексапил и шарм никогаш не ги наметнувала, дури и ги прикривала што ја правело во очите на другите уште помистериозна, интересна и привлечна. Во ова време на интелектуална површност и плиткост, актерката во Македонскиот народен театар, Драгана Левенска негува длабока свесност за животот и професијата.

Прочитај повеќе

Викторија Лоба: Со Ѓорѓи сме различни, ама складни

Неколку месечната пауза од музичката сцена, на една од најсексапилните македонски поп пејачки, Викторија Лоба (28), и тоа како ѝ била добредојдена. На јавноста таа ѝ се врати освежена и музички и енергетски, со видео спотот за песната „Дојди“ која во моментов е на врвот на македонските топ листи и полека го добива статусот на хит.

Прочитај повеќе