Неверојатни фотографии од животот на племето Динка

Динка е назив за африканска етничка група која живее во мочуришната област наречена Бахр ел Газал. Со три милиони припадници, тие претставуваат најголема етничка група во Јужен Судан. Динките се истакнуваат по нивната необична висина поради што жените на ова племе долго време биле ценети во ориенталните хареми, а самите Динки со векови трпеле напади од страна на трговците со робови.