Светска премиера: Hyundai Veloster за 2018 година

Hyundai, на саемот на автомобили во Детроит ја претстави втората генерација на Veloster. Автомобилот кој во 2011 година претставуваше вистинско освежување во автомобилската индустрија, сега доби и наследник. Hyundai Veloster 2018 ќе биде достапен во три верзии: основниот модел е опремен со 2.0-литарски бензински мотор со 147 коњски сили, турбо верзија со 1.6-литарски мотор и 201 коњски сили, а на самиот врв на понудата се наоѓа екстремната верзија со 2.0 бензински агрегат со 275 коњски сили.