Најтоплата пустина на светот се обои во бело: Снег во Сахара

Алжирскиот град Аин Сефра, во неделата се разбуди со снежна покривка. Снегот кој е крајно нетипичен за ваквите топли краишта, се задржа околу час и половина пред целосно да се истопи. Ова е втора по ред снежна година во Сахара, а пред тоа единствените врнежи од снег биле забележани во февруари 1979 година.