Овие минијатурни цртежи се создадени со една прекрасна цел

“Виновникот” за овие неверојатни цртежи е Рејчел Белц, која моментално има една мисија во животот – да ги натера луѓето да ги ценат “малите, прекрасни детали од секојдневниот живот”. Користејќи водени бои, таа цели кон создавање на реалистични минијатури, а речиси секој од цртежите е со големина на американска монета од 25 центи.