Како би изгледал светот, ако одеднаш ги снема сите луѓе?

Поради голем број на причини, природни и човечки, луѓето биле евакуирани или пак самите на друг начин се откажале од многу места ширум светот – големи и мали, стари и нови. Собирањето на ваквите слики од напуштени објекти во еден фото есеј, може да донесе чувство за тоа како би изгледал светот ако луѓето одеднаш исчезнат од планетава. Токму тука се собрани повеќе недамнешни сцени од напуштени градежни проекти, индустриски катастрофални зони, урнати урбани населби, градови коишто жителите ги напуштиле за да избегаат од насилството или од природните катастрофи, напуштени олимписки места, градови на духови...