Убавина во најразлични бои: Нереалните пејзажи во Етиопија

Етиопија е дом на повеќе од 100 милиони луѓе – тоа е втора по ред најнаселена нација во Африка. Но таа е составена и од многу различни пејзажи и неверојатна разновидност на етничките и религиозните групи. Фотографот на Getty Images, Карл Корт, објави и дека Lonely Planet неодамна ја рангираше Етиопија помеѓу топ 10-те туристички дестинации за 2017-та година, и дека тие заработиле повеќе од 870 милиони долари од туризам, само за првиот квартал на оваа година. Во оваа галерија се собрани само дел од неодамнешните слики направени ширум цела Етиопија, коишто ни прикажуваат само мал дел од нејзиното население и уникатните региони.