Огнените јазици на деструктивниот шумски пожар во Калифорнија

Моќните ветрови во понеделникот предизвикаа повеќе од десетина шумски пожари во неколку реони во Калифорнија, кои пак запалија повеќе од 100.000 хектари, уништија повеќе од 1.500 домови и во кои, неофицијално, загинале 11 лица. Во областа Сонома, канцеларијата на шерифот изјавила дека околу 150 лица се пријавени за исчезнати поради пожарите. Ваквата состојба се очекува да трае уште најмалку една недела, бидејќи жителите на Калифорнија во моментов се борат со една од најекстремните епизоди на шумски пожари што нивната држава некогаш ја доживеала.