Отсечени од реалноста – и сите современи погодности: Вака изгледа автопатот Џејмс Далтон во Алјаска

За оние коишто сакаат да искусат патување на “старомоден” начин, или можеби да се вратат малку назад во историјата, тогаш автопатот Џејмс Далтон во Алјаска е токму совршениот избор. Оваа траса има должина од 666 километри, и притоа, на возачите им "нуди" мноштво од начини за да бидат казнети - ако се неподготвени за неа. Како пожелна помошна опрема на овој автопат е првата помош, но и сателитскиот телефон, бидејќи на целиот пат се наоѓаат само три града, од кои еден е на самиот крај, а поголемиот дел од патот не е прекриен со сигнал за мобилните телефони. А сега, исклучете се и вие малку од реалноста, и уживајте во овие фотографии коишто се дефинитивно реални.