Фотографирање во микроскопски димензии: Ова се победниците на Nikon Small World 2017

Nikon тукушто ги објави победниците на натпреварот за фотографии од “малиот свет” за оваа 2017-та година, а дел од победничките фотографии ги споделија и со нас. Ова натпреварување ги повикува фотографите и научниците да доставуваат слики од сите нешта коишто се видливи исклучиво само под микроскоп. Оваа 2017-та година, којашто претставува 43-та година по ред како се одржува ова натпреварување, до тимот на Nikon пристигнале повеќе од 2.000 фотографии од 88 различни држави.