Октоберфест 2017: Најголемиот фестивал на пивото повторно ги собра љубителите на "течното злато"

Оваа година по 184-ти пат се одржа светски познатиот Октоберфест. И оваа година, познатиот фестивал посветен на пивото ни донесе бројни згодни Баварки со традиционални носии и огромни кригли во рацете, и секако, многу пиво, коешто оваа година се продаваше по поскапа цена за разлика од претходните години. Оваа година беше посветено исто големо внимание и на самата безбедност, бидејќи минатата година беше забележана драстично помала посетеност, токму поради страв од терористички напад.