Фотографии од гласањето за независност на Каталонија

Во неделата, шпанскиот регион Каталонија одржа голем спор за референдумот за независност од Шпанија. Шпанската влада веќе одамна објави дека таквото гласање го смета за нелегално и неуставно и тие работеа со недели наназад да го спречат. А како што огромен број на гласачи во неделата се обидоа да стигнат до забранетите избирачки места, тие се пресретнаа со националната полиција опремена со полна опрема за немири. Стотици беа повредени, додека полицијата тепаше, влечеше и пукаше гумени куршуми врз потенцијалните гласачи. Од повеќе од пет милиони каталонски гласачи, само 42 отсто успеаа да гласаат во неделата, со резултат од 90 отсто од гласовите за да биде прогласена независност, информација којашто ја пренесоа каталонските официјални претставници. Владата на Каталонија сега се подготвува за нови чекори за прогласување на независност, тврдејќи дека референдумот сепак покажал дека мнозинството го поддржува овој чекор.