Кучиња спасувачи на своето работно место после силните земјотреси во Мексико

Откако беа погодени од три главни силни земјотреси во текот на изминатиов месец, сласувачите и волонтерите ширум Мексико работеа деноноќно, со помош на локални и меѓународни тимови на кучиња трагачи и нивните сопственици. Овие кучиња поминаа денови и недели качувајќи се по распарчените објекти со цел да им помогнат на своите човечки колеги во пронаоѓањето на преживеаните коишто останале заробени во рушевините. За возврат, локалните волонтери прават се’ што можат за добро да бидат згрижени овие вредни животни, како и нивните сопственици.