Отсечени поради вистинска катастрофа – Фотографии од уништеното Порторико

Пет дена откако ураганот Марија го опустоши Порторико, нејзината огромна уништувачка моќ стана далеку појасна. Поголемиот дел од територијата на САД во моментов нема електрична енергија или вода за пиење, помалку од 250, од вкупно 1600 базни станици за мобилни телефони се функционални на островот, додека оштетените пристаништа, патишта и аеродроми секако го забавуваат пристигањето и транспортот на неопходната помош. Комуникацијата е најстрого ограничена. Џенифер Гонзалез, комесар на Порторико, за Associated Press изјави дека ураганот Марија го вратил островот за повеќе декади наназад.