EXIT 2017

EXIT 2017 со историски максимум од 215.000 посетители влезе во новата ера! Оваа година EXIT постави нов рекорд на посетеност со повеќе од 215.000 луѓе кои од 5-ти до 9-ти јули поминаа низ портите на Петроварадинската тврдина! Оваа година EXIT ќе биде запомнет по Day Zero со апсолутните хедлајнери The Killers на главната бина како и по новата, уште поспектуларна mts Dance Arena за која пристигнуваат пофалби од сите страни.