Гран Клуб беше домаќин на единствениот снукер турнир кој се одржува на наши простори

Самиот турнир помина во беспрекорна организација и одлична навивачка атмосфера, но и со големи резултатски изненадувања. Финалниот меч се одигра помеѓу Александар Бошески и Владо Матоски, а победник на истиот беше минатогодишниот освојувач на лигата Владо Матоски, со убедлива победа од 5:0.