АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
5
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВАЕРОТИКАФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАЗАНИМЛИВОСТИИНТЕРЕСНОИГРИ
Најлуд секс скандал во историјата: 10 години го чувала љубовникот на таван, а потоа се случил шок
11.01.2017 | 14:42
Извор: Точка
Прочитано: 13538 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Родена во далечната 1880. година некаде во Германија, Валбурга "Доли" Кершхел била вмешана во еден од најбизарните секс скандали во светската историја. Имено, се омажила за богат сопственик на успешна фабрика за кецели, но бракот не ја задоволувал. Поради тоа се свртела кон љубовниците.

Бизарната приказна започнува еден есенски ден во 1913. година, кога го замолила својот сопруг, Фред Остерејх, да прати еден негов вработен да ја поправи нејзината машина за шиење. Кога 17-годишниот Ото Санхубер тропнал на вратата, Доли го пречекала практично гола. Машината за шиење останала недопрена, а тој судбоносен ден го означил почетокот на нивната врска, која ќе потрае со децении.

Како што во тоа време пишувал LA Times, на почетокот Ото и Доли се состанувале во хотели во тајност, но наскоро почнале да се состануваат и во брачниот дом на Остерејхови. Висконсин во тоа време бил центар на конзервативното американско општество и соседите почнале да се бунат поради честите посети на непознатото момче кај мажената жена. Доли добила една убава идеја.

Ото ќе даде отказ и ќе се пресели на таванот на Остерајхови, каде ќе може да ужива во предностите на врската без да го гледаат соседите. Ото би морал да се откаже од секаков човечки контакт, освен секојдневните уживања со Доли. Него тоа не му пречело премногу и наскоро почнал да живее на таванот. Во текот на вечерта практично ги голтал книгите кои Доли му ги носела од книжарницата во близина.




Често мечтаел за живот на писател на романи. По пет години таен живот, Ото успеал да објави неколку романи под псевдоним, но Фред Остерејх почнал да тоне во лудило. Слушал неописливи звуци од таванот, цигарите му исчезнувале, и често гледал сенка која минува пред вратата на спалната соба. Во 1918. година решил да се пресели во Лос Анџелес, не знаејќи дека сенката ќе го следи.

Доли прифатила да се преселат, но под услов новата куќа да има таван. Во Лос Анџелес брачниот пар често се расправал, и кога во 1922. година избила жестока расправија, Ото се симнал од таванот и го убил Фред за да ја заштити својата љубовница. Помалку во паника се договориле дека Ото ќе ја заклучи Доли во ормарот и ќе глуми дека некој провалил во домот за да ги ограби и притоа го убил Фред. Полицијата поверувала во таа приказна бидејќи немале причина за сомнеж, бидејќи Доли била заклучена во орманот по убиството. Вдовицата го наследила богатството и добила слобода да ужива во љубовта со Ото. Меѓутоа, продолжила да го чува на таванот, а Ото подоцна рекол дека станал роб на љубовта кон Доли.




Додека претходниот љубовник го чувала на таванот, Доли се свртела кон нови љубовници. Почнала врска со адвокатот Херман Шапиро, но и со Рој Клумб. На Херман по грешка му го подарила часовникот на покојниот Фред, и тоа часовникот чие исчезнување го пријавила по убиството на сопругот. Покрај тоа Рој го замолила да се ослободи од оружјето со кое бил убиен Фред. Во една прилика, при една жестока расправија, Рој одлучил се да и каже на полицијата. Доли на Херман му кажала и дека треба да го нахрани својот брат кој се крие на таванот.

Ото бил пресреќен што за прв пат по речиси десет години разговарал со некој друг човек освен Доли. Херман не бил воопшто задоволен од тоа што Ото е на таванот и веднаш го избркал. Исплашениот Ото побегнал во Канада.



Неколку години подоцна, во 1930. година, Херман и Доли се разделиле во лоши односи, па адвокатот раскажал се во полицијата. Полицијата ја уапсила Доли и ја ставила на обвинителната клупа. На Ото му било судено во отсуство и бил прогласен за виновен, но бидејќи злосторството застарело, продолжил да живее како слободен човек. Доли пронашла нов љубовник, со кој живеела среќно во наредните 30 години.

НАЈНОВО ОД ЗАНИМЛИВОСТИ  
РУСИЈА
Руската технологија направила чудо: Новиот револуционерен воз ќе ве остави без здив
Оваа пролет московското метро ќе добие потполно нов дизајни на возовите, 765. серија "Москва", кои ги развива и произведува фабриката за машини "Метровагонмаш".
24.02.2017, 10:23


ЗАНИМЛИВОСТИ
Дали е тоа митската змија? Водата на плажата исфрлила мистериозно суштество долго три метри
Човекот кој го пронашол ова мистериозно суштество не успеал да го идентификува.
23.02.2017, 18:16


ЗАНИМЛИВОСТИ
Не бирала зборови: Поранешната порно ѕвезда Џена Џејмисон против муслиманите и мигрантите!
Кариерата на Џени Џејмисон се темели на една работа - досега има снимено повеќе од 200 филмови за возрасната публика.
23.02.2017, 15:51


ПРОШЕТКА
Кој вели дека ви е потребно заштитно одело за прошетка низ Чернобил
Желба на многумина е да прошетаат на местото каде се случила најголемата нуклеарна катастрофа во далечната 1986-та година, но тука е и стравот од зрачење, а ниту Украина, поради војната на истокот на земјата, не е најбезбедното место за авантуристички туризам.
23.02.2017, 11:00


ЗАНИМЛИВОСТИ
Генијалецот кој го победи Ватикан: Младиот Моцарт разоткрил тајна која што била строго чувана речиси два века
Неверојатниот слух на Волфганг Амадеус Моцарт не само што ја разоткрил строго чуваната тајна на Ватикан, туку поради тоа дури и бил награден од папата.
23.02.2017, 10:30

НАЈЧИТАНИ 24чaса | 7дена | 30дена

Генијалецот кој го победи Ватикан: Младиот Моцарт разоткрил тајна која што била строго чувана речиси два века
Неверојатниот слух на Волфганг Амадеус Моцарт не само што ја разоткрил строго чуваната тајна на Вати...
ЗАНИМЛИВОСТИ
Дали е тоа митската змија? Водата на плажата исфрлила мистериозно суштество долго три метри
ЗАНИМЛИВОСТИ
Не бирала зборови: Поранешната порно ѕвезда Џена Џејмисон против муслиманите и мигрантите!
АСПЕН
Луксуз, пребогати пријатели и прскање со шампањ: Како живее ќерката на Барак Обама
ПРОШЕТКА
Кој вели дека ви е потребно заштитно одело за прошетка низ Чернобил

ВИДЕО ВЕСТИ

Руската технологија направила чудо: Новиот револуционерен воз ќе ве остави без здив
Оваа пролет московското метро ќе добие потполно нов дизајни на возовите, 765. серија "Москва", кои ги развива и произведува фабриката за машини "Метровагонмаш".
ЗАНИМЛИВОСТИ
Генијалецот кој го победи Ватикан: Младиот Моцарт разоткрил тајна која што била строго чувана речиси два века
АСПЕН
Луксуз, пребогати пријатели и прскање со шампањ: Како живее ќерката на Барак Обама
ЗАНИМЛИВОСТИ
Се отворила светата дупка: 10 години паѓале обилни дождови, а потоа на езерото се активирал гигантски одвод

ФОТО  
36 подароци од бабите ширум светот, кои се толку ужасни што дури не можете ниту да им се налутите

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ
ШПАНИЈА
Камерман станал хит: Наместо лицето, ги снимал градите на натпреварувачката
МИСТЕРИЈА
Го обиколи целиот свет, но тука не сакал ни да стапне: Зошто Тито го избегнувал овој српски град?
ИСПОВЕД
Дрогирање и оргии под палубите – Еве како изгледа животот на работниците на крузери
РЕАКЦИЈА
Во текот на церемонијата во Кремљ се чула силна бука – Путиновото лице јасно покажува колку е спремен на сè
 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2017 Контакт    Маркетинг   Импресум    
 
Вашето име:
Вашиот email:
Има на пријател:
Email на пријател:
Коментар: