АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
-6
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВАЕРОТИКАФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАЗАНИМЛИВОСТИИНТЕРЕСНОИГРИ
Неверојатна трансформација: „Чиста сум четири години”
04.01.2017 | 21:00
Извор: Точка
Прочитано: 6672 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Дежа Хол (26) била тежок зависник од мет и хероин, но успеала да се извлече од канџите на дрогата.

„Ако сакате да знаете кои се последиците од дрогата, само погледнете ги моите фотографии и се` ќе ви биде јасно“, рекла 26 – годишната Американка Дежа Хол.

„Фотографиите од тој период се понижувачки, но сеедно ги објавив со надеж дека можеби некого ќе охрабрам, ќе му помогнам или ќе му дадам надеж“, напишала Дежа на својот профил на Фејсбук.


Со тие фотографии одлучила да ги прослави четирите години од својата апстиненција, а горната фотографија е од нејзиното апсење на 12 јуни 2012 година. Експериментирањето со дроги го започнала кога имала 17 години, прво се навлекла на таблети кои ги земала и до 20 на ден.

Се обидела да престане со тоа, но одвикнувањата ѝ биле ужасни, постојано се тресела, повраќала, ѝ било ладно. Поради семејни проблеми немала поддршка од семејството, а пријател од друштвото еден ден ја наговорил заедно да пробаат хероин. На почетокот го пушела хероинот и тој ѝ „помогнал“ да се одвикне од пилулите.


Во канџите на зависноста од хероин

Наивно мислела дека работите можат да останат на тоа, но како и во сите други случаи, тоа не се случило. Се префрлила на игла и тука почнал пеколот. „Не можев да престанам, се` што успевав да направам беше да ја потиснам физичката болка. Дрогата ми служеше за затупување, а не за размислување. Не се сеќавав на болните работи и тоа ми претставуваше рај. Бев чудовиште во секоја форма“, раскажала таа.

Од април до декември 2012 година истовремено инјектирала и хероин и кристален мет. „Се убивав, имав околу 43 килограми, но мислев дека сум многу згодна и кул. Тоа е измама која ви ја прави дрогата, веројатно ми беше сеедно дали сум жива или мртва, а се чувствував непобедливо“, раскажал Дежа.


Момент на пресврт

„Она што ме поттикна беше посетата на мојот дедо. Му беше роденден, го прегрнав и го изгушкав. Тој ме гледаше од својата количка со очи полни со солзи, велејќи ми дека му нанесувам болка. Пред да почнам да се дрогирам бев многу поврзана со него, но потоа се оддалечив. Дедо ми знаеше дека со мене се случува нешто многу лошо. Отидов во бањата и сфатив – одвратна сум. Се помолив и му реков на Бог ако постои, нека ми помогне. Излегов и му реков на дедо ми да не се грижи, дека се` ќе биде во ред.

Неколку часа после тоа бев уапсена поради поседување на дрога. Бев преплашена, знаев дека морам да престанам, но зависникот во мене врескаше „не уште, можеш уште малку, ти треба“. Истиот ден кога ми рекоа дека морам да одам во затвор, слушнав дека починал мојот дедо.


Нему му дадов ветување дека никогаш повеќе нема да допрам дрога и тоа морав да го направам. Во затворот физички се ослободив од се`, беше ужасно, но се исплатеше. Чувството на гордост беше огромно, ме тераше да одам напред. Се свртев кон Бог и во тоа пронајдов сила.“

Дежа денес е мајка на 18 – месечно девојче, работи како дадилка и студира. Таа е во среќна врска и вели дека дрогите воопшто не ѝ недостасуваат и дека нема ден во кој не е благодарна за новата шанса која ја добила.

НАЈНОВО ОД ЗАНИМЛИВОСТИ  
ЛОНДОН
30 години верував дека мојот татко е Бог и дека ќе ме удри гром ако го напуштам: Исповед на ќерката на еден болен силувач!
Толку била осамена што често разговара со чешмата во бањата.
20.01.2017, 12:45


ВИСТИНСКО ЧУДОВИШТЕ
Страшна снимка: Додека скијала на вода ја следела огромна сенка, а кога се свртела...
„На почетокот мислев дека станува збор за сенка од мојот падобран за скијање.“
18.01.2017, 21:00


ЗАНИМЛИВОСТИ
Рускиот хобит: Бил богат адвокат, а потоа напуштил сè. Сега живее под земја со само едно суштество
За ваква голема животна промена се одлучил бидејќи живеел под голем стрес.
18.01.2017, 17:53


ЗАНИМЛИВОСТИ
Руски град на мртовци: Легендата вели дека од ова место никој не излегува жив
Даргавс во Северна Осетија – Аланија се нарекува рускиот град на мртовци, бидејќи крие некропола со стотици стари гробници во кои се закопани луѓе со сите свои овоземски добра.
17.01.2017, 17:52


БРАЗИЛ
Каков среќник: Вложил илјадници долари на својот среќен број - и добил милиони!
Бразилскиот милијардер Педро Гренден Бартел, е еден од најбогатите луѓе во својата земја, а неодамна станал побогат за три и пол милиони долари.
17.01.2017, 16:10

НАЈЧИТАНИ 24чaса | 7дена | 30дена

Огромно гризли одлучило да се пресмета со глутница гладни волци - Уследила епска битка
Моментот кога огромното гризли одлучило да се пресмета со глутница гладни волци и да им го украде са...
ЛУКСУЗЕН НАСТАН
Забава за елитата: Картите ги плаќаат и по 500.000 евра!
НЕВЕРОЈАТНО ЕФИКАСНО
Вака се чисти снегот: Руските камиони за отстранување на снег се хит на интернет
ЗАНИМЛИВОСТИ
Рускиот хобит: Бил богат адвокат, а потоа напуштил сè. Сега живее под земја со само едно суштество
ВИСТИНСКО ЧУДОВИШТЕ
Страшна снимка: Додека скијала на вода ја следела огромна сенка, а кога се свртела...

ВИДЕО ВЕСТИ

30 години верував дека мојот татко е Бог и дека ќе ме удри гром ако го напуштам: Исповед на ќерката на еден болен силувач!
Толку била осамена што често разговара со чешмата во бањата.
ВИСТИНСКО ЧУДОВИШТЕ
Страшна снимка: Додека скијала на вода ја следела огромна сенка, а кога се свртела...
ЗАНИМЛИВОСТИ
Рускиот хобит: Бил богат адвокат, а потоа напуштил сè. Сега живее под земја со само едно суштество
БРАЗИЛ
Каков среќник: Вложил илјадници долари на својот среќен број - и добил милиони!

ФОТО  
Од галерија на "ловец" на симпатични осамени куќички

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ
ЗАНИМЛИВОСТИ
Тој е жив Хулк: Има 432 кг, запира трактор, дневно јаде 36 јајца, 3 кг месо и тоа не е сè...
ЗАБАВА
Прочитајте га дневник на кумановца у Канаду!
ИНТЕРНЕТ
Сосема неочекувано: Се свртела и заљубено го погледнала, а тој ја турнал од карпата
СТАРИ ФОТОГРАФИИ
Денес е „крал на Инстаграм“, но кога ќе видите како изгледал пред 10 години...
 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2017 Контакт    Маркетинг   Импресум    
 
Вашето име:
Вашиот email:
Има на пријател:
Email на пријател:
Коментар: