АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
0
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВАЕРОТИКАФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАНОВИТЕТИТЕХНОЛОГИЈАЗАНИМЛИВОСТИ
Корисни совети од РСБСП за зимска подготовка на возилото
23.11.2016 | 12:59
Извор: Точка
Прочитано: 5848 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Секоја есен по 15 ноевмри, започнува законската обврска за носење зимска опрема во возилата.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, освен законски пропишаните норми, советува за прилагодување на возилото кон условите на патот бидејќи зимата и ноќта кријат многу опасности кои некогаш тешко се препознаваат и се забележуваат.

Возењето во зимски услови е предизвик и за возачот и за возилото. Ладното време ги тестира границите на техничката исправност на возилото, а лошите услови за возење, пак, ги тестираат возачките вештини и способности.
Затоа РСБСП препорачува:

- Најпрво, направете му редовен сервис на возилото. Како дел од редовната проверка на возилото, посебно внимание посветете на акумулаторот на моторот. Многу е важно да знаете 2 работи: прво акумулаторот кој лесно стартувал во летниот период, може да не е довлно наполнет истото да го прави во зима, а моторот потешко се стартува бидејќи маслото не е „маслото“ кое беше во јули и втората работа, акумулаторите ја губат нивната моќ со паѓање на температурите под нула. Затоа, не само што е потребна поголема моќ да се стартува моторот на возилото во зима, туку добива и помалку енергија и сила од акумулаторот. Ваше е само да го однесете возилото на сервис, а за маслото и за акумулаторот ќе се погрижи овластениот сервисер.


- Проверете го нивото на антифриз во возилото. За да бидете сигурни дека антифризот ќе го заштити возилото од зимските температури за време какво што имаме на нашето поднебје, може да го разредите со вода (50-50) и без проблем да возите цела зима. Постојат повеќе видови и производители на антифриз и најдобро е да земете од оној што најмногу одговара за вашето возило.

- Набавете си зимски бришачи за стакло со гумени облоги кои спречуваат да замрзне гумата која директно допира на ветробранските стакла и оневозможува на нив да се нафати мраз. Тие се одлични, но само за во зима бидејќи се тешки и ако се употребуваат и во пролет и лето предвреме ќе го оштетат моторот кој ги движи. Резервоарот за вода за бришачи треба да е полн со течност која не мрзне и до -30◦С.

Совет: кога употтебувате бришачи во зима, прво исклучете ги бришачите, па потоа изгаснете го моторот на возилото. Зошто? Бидејќи водата (снег, дожд) за време на ноќта мрзне, а со тоа и бришачот мрзне и се лепи за стаклото. Доколку не го ислкучите, наутро кога ќе го стартувате моторот на возилото, бришачите автоматски ќе се вклучат и бидејќи се замрзнати за стаклото нема да можат да се движат и на тој начин може со „бришење во место“ да го прегорат моторчето кое ги движи.


- Секогаш имајте доволно гориво во возилото. Доколку „заглавите“ во градскиот метеж или сте на пат на кој има застој, работата на моторот на вашето возило ќе ви биде главниот извор на топлина и затоа резервоарот треба да ви биде секогаш полн или барем ¾ полн. Моторот на возилото може да работи подолг временски период кога возилото е во мирување, односно сѐ додека има погонско гориво. Еден дополнителен совет до возачите кои имаат постари возила: доколку со возилото сте на едно место подолг временски период, подотворете малку прозор да влезе воздух бидејќи постарите возила емитуваат поголемо количество јаглерод диоксид кој може да навлезе во кабината на возилото.

- Проверете дали се исправни грејачите на задното ветробранско стакло на возилото. Тие се многу важен елемент за безбедно управување на возилото во зима посебно наутро кога возилото е замрзнато или покриено со снег. Секој совесен возач треба прво да ги одмрзне и исчисти стаклата на возилото, а потоа да седне зад воланот и да го управува.


- Товарот на возилата. Немојте во зима да ставате голем товар во возилата. Носете го со вас само она што ви е неопходно. Нека ви биде пракса носењето лопата, мала вреќичка песок, патосници за под тркалата во случај да заглавите во подлабок снег, еден пар топли дебели ракавици и секако, полна батерија на мобилниот телефон. Телефонскиот број за помош на патот е 196.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и оваа зима со одбрани совети, ќе се потруди секој возач да управува возило со кое нема да претставува опасност во сообраќајот, туку ќе ја обезбеди не само својата, туку и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.


Овој едукативен текст е во рамките на Зимската кампања која што РСБСП ја реализира со поддршка од МотоЦентар – Прв избор за гуми. РСБСП во партнерство со Моторцентар им посакуваат безбедни патувања на сите учесници во сообраќајот.

Зимата не дава шанса за избор. Опреми се!

НАЈНОВО ОД ЗАНИМЛИВОСТИ  
ЗАНИМЛИВОСТИ
Лесно запаливо: Ламборџини ги повлекува Aventador и Veneno поради страв од пожар
И тоа се случува - ретко се случува кога големите производители на автомобили повлекуваат цели серии на автомобили, а уште поретко е кога тоа го прават производителте на суперавтомобили.
20.02.2017, 17:00


АВТОМОБИЛИ
Имате 10 милиони евра? Ова е автомобилот за вас!
Станува збор за автомобил кој што е стар веќе девет години, но од ден во ден неговата вредност расте. Секако, станува збор за суперавтомобил, а овој доаѓа од срцето на Италија.
16.02.2017, 19:00


АВТОМОБИЛИ
За сите Off-road фанатици: Погледете ги овие преработки на легендарниот Wrangler
Американска компанија со седиште во Тексас, веќе со години ги преработува легендарните џипови Wrangler, кои што дефинитивно се сон на секој off-road фанатик.
16.02.2017, 17:30


БУГАТИ
Bugatti Chiron: Погледнете каде и како се произведува еден од најбрзите автомобили на светот
Многу етапи и склопување на над 1,800 делови, за на крајот да се добие една целина и автомобилско - технолошко чудо на Bugatti кое што е вредно 2,4 милиони евра. Ова е Bugatti Chiron.
15.02.2017, 17:00


АВТОМОБИЛИ
BEST CARS 2017: ŠKODA Octavia е број 1 по четврти пат
Победник во низа: по четврти пат моделот ŠKODA Octavia ја освои престижната "Најдобар автомобил од увоз", награда за која одлучуваат читателите на "Auto, motor und sport".
09.02.2017, 11:15

НАЈЧИТАНИ 24чaса | 7дена | 30дена

Bugatti Chiron: Погледнете каде и како се произведува еден од најбрзите автомобили на светот
Многу етапи и склопување на над 1,800 делови, за на крајот да се добие една целина и автомобилско - ...
НОВИТЕТИ
Освежен е RS 3 Sportback: Најголемата новост не е видлива, но е брутално моќна
НОВИТЕТИ
Страшен модел на моќниот G Class: Цена од над 200 илјади евра и 99 примероци
АВТОМОБИЛИ
Имате 10 милиони евра? Ова е автомобилот за вас!
АВТОМОБИЛИ
ŠKODA KODIAQ SCOUT: Робусниот изглед ги нагласува офроуд карактеристиките

ВИДЕО ВЕСТИ

Освежен е RS 3 Sportback: Најголемата новост не е видлива, но е брутално моќна
Ауди објави неколку службени фотографии и информации од освежениот RS 3 Sportback кој ќе биде претставен на Саемот за автомобили во Женева.
ЗАНИМЛИВОСТИ
Еве како би изреагирал Никола Тесла кога би седнал зад управувачот на Tesla
ЗАНИМЛИВОСТИ
Дали Лексус има моќ за да полета?
РУСИЈА
Ова е рускиот Бетмобил: Ќе го возат специјалците од ФСБ

ФОТО  
30 автомобили кои зимата ги претвори во уметнички дела

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ
ЗАНИМЛИВОСТИ
Еве како би изреагирал Никола Тесла кога би седнал зад управувачот на Tesla
ФОЛКСВАГЕН
Ве нервира чистењето на замрзнатото ветробранско стакло? Фолксваген има револуционерно решение
ЗАНИМЛИВОСТИ
Дали Лексус има моќ за да полета?
ЗАНИМЛИВОСТИ
Збогување со стил: Престанува производството на Rolls-Royce Phantom VII, ова е последниот примерок
 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2017 Контакт    Маркетинг   Импресум    
 
Вашето име:
Вашиот email:
Има на пријател:
Email на пријател:
Коментар: